Спорт
Почина ексфудбалерот на Тотенхем и Звезда, Буњевчевиќ
Поранешниот фудбалер на Црвена звезда и на Тотенхем, Горан Буњевчевиќ почина на 45 години, откако пред еден месец доби аневризма на 20 мај. Тој имаше само 45 години.
Буњевчевиќ, кој во кариерата играше во Рад, Црвена звезда, Тотенхем и АДО Ден Хаг, има…


Поранешниот фудбалер на Црвена звезда и на Тотенхем, Горан Буњевчевиќ, почина на 45 години, откако пред еден месец доби аневризма. Тој имаше само 45 години.
Буњевчевиќ, кој во кариерата играше во Рад, Црвена звезда, Тотенхем и АДО Ден Хаг, имаше и 16 настапи за поранешната репрезентација на СР Југославија. Буњевчевиќ дојде во Тотенхем во 2001 година, и имаше 51 настап за премиерлигашот до 2005 година.
Во август 2016 година тој беше именуван за спортски директор во Фудбалската федерација на Србија.
По победата на Србија над Костарика на 17 јуни, во првиот меч на Мундијалот, капитенот Александар Коларов ја посвети победата и неговиот гол на Буњевчевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дмитровиќ ќе биде новиот голман на Црвена звезда

По Родриго и Милош Вељковиќ, засилување на Црвена Звезда ќе биде и голманот Марко Дмитровиќ, објавува „Моцартспорт“.
Искусниот српски голман и поранешен репрезентативец на Србија ги договорил личните услови и како слободен играч ќе потпише договор со Црвена звезда.
Дмитровиќ бранеше за Леганес, но не успеа да избори опстанок во Примера. Неговиот договор со Леганес заврши автоматски по испаѓањето на овој клуб во Сегунда.
Инаку, Дмитровиќ потекнува од школата на Црвена звезда, но поради силната конкуренција не доби шанса да дебитира за првиот тим, па својата кариера ја изгради во странство, во Ујпешт, Чарлтон, Алкоркон, Еибар, Севилја и Леганес
Бранеше 19 пати за српската репрезентација.
Спорт
Италијано останува во Болоња

Италијанскиот фудбалски тренер Винченцо Италијано го продолжи договорот со Болоња до 30. јуни 2027 година, објави клубот денес.
Италијано ја презеде функцијата на почетокот од оваа сезона и ја предводеше Болоња до титулата во Купот на Италија, првиот трофеј на клубот по 51 година.
„Среќен сум што ја продолжуваме нашата соработка. Со нетрпение очекуваме да учествуваме во возбудливи натпреварувања и да ги постигнеме целите заедно. Се гледаме во јули, поподготвени од кога било“, рече Италијано, според веб-страницата на клубот.
Болоња ја заврши сезоната на деветтото место на табелата во Серија А, а следната сезона ќе игра фазата по групи во Лига Европа.
Спорт
Макс Алегри се врати на „Сан Сиро“

Масимилијано Алегри се врати на клупата на Милан, тимот со кој стана шампион на Италија во 2011 година.
Ексклузивни информации за враќањето на стратегот на „Сан Сиро“ објави италијанскиот инсајдер Даниеле Лонго, новинар на „Калчомеркато“.
Тренерот од Ливорно потпишал тригодишен договор со клубот кој 19 пати го освои скудетото, а ќе инкасира 5.000.000 евра по сезона. Тој им донесе една од тие 19 титули на „росонерите“, кога прекина седумгодишен пост во својата прва сезона на клупата.
Во 2011 година, Милан ја освои титулата пред градскиот ривал Интер. Во следните три сезони, тој не успеа повторно да се најде на чело на Серија А, па се пресели во Јувентус во 2014 година. Со „бјанконерите“, освои дури пет шампионски пехари, последователно (2015-2019).
Многумина го оспоруваат дефанзивно ориентираниот фудбал што го пропагира Макс, но факт е дека знае како се освојуваат трофеи. Токму ова му е потребно на Милан во овој момент. Минатата сезона е најлоша во последните 20 години, великанот од „Сан Сиро“ заврши на деветтото место и нема да игра во европските купови следната сезона.