Спорт
Проблеми за Њу Орлеанс, Дејвис побарал трејд


Најдобриот играч на Њу Орлеанс Пеликанс преку својот менаџер ги известил челниците дека нема намера да го продолжи договорот со оваа франшиза.
Дејвис, по завршувањето на сезоната, може да потпише петгодишен договор тежок 240 милиони долари, но исто така може да стекне статус на слободен играч.
Тој ја избрал опцијата да биде разменет во екипа што е конкурентна во борбата за титулата.
Неговиот менаџер Рич Пол соопштил дека 25-годишниот играч воопшто не е заинтересиран за продолжување на соработката со Пеликанс.
„Ентони сака да биде разменет во екипа што победува во континуитет и што може да се бори за титулата. Сакаше да биде искрен и отворено да ги соопшти своите намери. Тоа е причината што во овој период клубот е известен за неговите намери. Тоа е најдобро решение за него и за иднината на франшизата“, рекол Пол.
Рич Пол му е менаџер и на Леброн Џејмс поради што Дејвис најчесто се поврзува со ЛА Лејкерс. Медиумите шпекулираат дека Лејкерси за Дејвис би ги понудиле младите ѕвезди Брендон Инграм или Кајл Кузма и Лонзо Бол, меѓутоа таа опција наводно била невозможна поради финансискиот аспект.
Дејвис во НБА-лигата влезе по драфтот во 2012 година кога беше прв пик на Хорнетс. Сезонава има просек од 29,3 поени, 13,3 скока и 4,4 асистенции. Пеликанс има скор од 22 победи и 28 порази и се наоѓа на 13. место во Западната конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

