Спорт
Риека го уништи Динамо на „Руевица“ (видео)
Риека со 4:1 го совлада Динамо Загреб во дербито во Хрватската прва лига, искористувајќи го фактот што лидерите поголем дел од мечот го одиграа со играч помалку.
Шансите на Риека да ја одбранат титулата се можеби теоретски, бидејќи и со победата остану…

Риека со 4:1 го совлада Динамо Загреб во дербито во Хрватската прва лига искористувајќи го фактот што лидерите поголем дел од мечот го одиграа со играч помалку.
Шансите на Риека да ја одбранат титулата се можеби теоретски бидејќи и со победата остануваат на третото место со 12 поени помалку од Динамо, но победата над најтрофејниот хрватски тим секогаш носи задоволство.
Работите не тргнаа добро за Риека кога нивниот поранешен играч, Швајцарецот со хрватско потекло, Марио Гаврановиќ, уште во 16. минута ги донесе гостите во водство. Гаврановиќ исто така ја налути публиката на „Руевица“ со своето бурно славење на голот против поранешниот тим.

Но, само три минути подоцна Бразилецот Хебер израмни на 1:1, а во 26. минута Динамо остана со 10 играчи кога Марко Лешковиќ доби втор жолт картон за удар со лакот.
Второто полувреме целосно им припадна на домаќините, кои постигнаа три гола за импресивна победа – Домагој Павичиќ и Хебер постигнаа голови за 11 минути на почетокот на полувремето пред Пуљиќ во финишот на натпреварот да го комплетира триумфот.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра 90 минути за „модрите“ и доби жолт картон во 64. минута.
Динамо останува фаворит за титула бидејќи е на првото место со 56 поени, девет повеќе од Хајдук на второто место, а Риека има 44 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto
Спорт
Џабе го поврзуваат со Реал, Клоп нема намера да работи како тренер
Реал Мадрид, вчера го изненади фудбалскиот свет со одлуката, спогодбено да се раздели до тренерот Чаби Алонсо. Тимот го презеде, Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал.
Многу работи не се движеа во вистинска насока во Реал. Допрва работите ќе излегуваат на виделина, но јасно е дека Алонсо не само што ја немал поддршката од соблекувалната, туку исто така и клупските челници не биле на негова страна.
Флорентино Перез реши да се раздели со тренерот, откако Реал во неделата, доживеа пораз од Барселона, во Суперкупот на Шпанија.
Првиот човек на Реал, наводно сака да го донесе Јирген Клоп. Славниот Германец веќе 18 месеци не работи како тренер, тој е директор на фудбалските операции во Ред Бул.
„Тоа нема никаква врска со мене. Не барав работа и немам планови да се вратам на клупата таму“, изјавил Клоп и потврдил дека воопшто не му недостига тренерската работа.
„Не ми недостига стоењето на дожд, два и пол до три часа, не ми недостига одењето на прес-конференции три пати неделно, 12 интервјуа неделно, не ми недостига, не ми недостига. Не ми недостига да бидам во соблекувалната, успеав да одиграм околу 1080 натпревари, па многу бев во соблекувалната. Не сакам да умрам во соблекувалната затоа што не е убаво таму, смрди.“
„Можеби нешто ќе се случи, имам 58 години, би можел да донесам одлука за неколку години… Не знам. Дали треба денес да донесам одлука дека повеќе нема да бидам тренер? Фала му на Бога што не морам, можам само да видам што носи иднината. Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам токму сега“.
Foto/ depositphotos

