Спорт
Ристовски со раскрвавена глава по капитенскиот судар со Кејн, не го стартуваше второто полувреме
Нашиот капитен Стефан Ристовски по судар со главите со Хари Кејн, се здоби со повреда, па мораше да биде неколку минути во аут на натпреварот помеѓу Македонија и Англија.
Кејн мина со модринка на челото, а од главата на Ристовски потече крв, но се врати на терен за време на првото полувреме.
Captain vs Captain
Kane vs Ristovski#ENGMKD | #Euro2024 pic.twitter.com/0UdiT0OH9l— Melvin Walker-Peters | Grass Szn🌱 🎾 (@melvinjtk) June 19, 2023
Иако успеа јуначки да го заврши првото, капитенот Стефан Ристовски не можеше да го стартува второто полувреме против Англија.
Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 3-0 по првото полувреме против Англија на „Олд Трафорд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Газета дело Спорт: Милан избра нов тренер
Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета дело Спорт“.
Шпанецот ќе дојде на местото на Сзтефано Пиоли, кој по пет сезони ќе го напушти „Сан Сиро“.
На Пиоли му пресудија променливите резултати оваа сезона. Милан на половина од сезоната отпадна од трката за шампионската титула, испадна во групната фаза во Лигата на шампионите, се пресели во Лига Европа и доживеа елиминација во четвртфиналето од Рома.
Лопетеги го напушти англискиот премиерлигаш Вулверхемптон претходно оваа сезона и оттогаш е без работа. Тој беше шпански селектор од 2016 до 2018 година, доби отказ неколку дена пред стартот на Светското првенство во Русија, бидејќи потпиша договор со Реал.
Мандатот во „кралскиот клуб“ му траеше само пет месеци, потоа се пресели во Севилја со која имаше успешни две сезони.
Спорт
Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан
Жељко Обрадовиќ ќе остане на клупата на кошаркарскиот клуб Партизан.
Српските медиуми објавија дека трофејниот тренер потпипал нов двегодишен договор. Клубот не ги објави финансиските детали.
Обрадовиќ, во Паризан се врати пред три години. Минатата сезона го освои првиот трофеј по враќањето, Партизан ја освои АБА лигата. Во Евролигата, во пет натпревари бее елиминиран во четвртфиналето од Реал Мадрид.
Спорт
Квалификант го победи Циципас на Мастерсот во Мадрид
Победникот на Мастерсот во Монте Карло и минатонеделниот финалист во Барселона, Стефанос Циципас, доживеа шокантна елиминација на Мастерсот во во Мадрид.
Гркот, во второто коло доживеа пораз од 118. играч на АТП листата, Бразилецот Чиаго Монтеиро со 6:4, 6:4. Мечот во центарот на Каха Махика траеше 97 минути.
Еден брејк му беше доволен на Монтеиро да го добие првиот сет, до него дојде во третиот гем.
Со исклучок на вториот гем, Монтеиро испушти само еден поен на свој сервис.
Сигурно сервираше и во вториот сет, а веднаш на почетокот направи брејк и поведе со 2:0.
На 5:3 имаше две меч топки на сервис на Циципас, но не ги искористи, а го реши мечот со сигурни сервиси кога ја искористи четвртата меч топка. Бразилецот на свој сервис освои 89 отсто од поени.
Во третото коло Монтеиро ќе игра против Јиржи Лехечка, кој со 7:5, 6:4 го победи Хамад Меѓедовиќ.
The PERFECT match 💫
Making 89% of his first serves (!), @dThiagoMonteiro stuns Tsitsipas 6-4 6-4 for the greatest (completed) ATP win of his career!#MMOpen pic.twitter.com/kUHUoPvUzj
— Tennis TV (@TennisTV) April 27, 2024