Спорт
Руски спортист паднал од 18 кат, во станот била неговата девојка кога се случила несреќата
Рускиот хокеар Георги Савин, кој играше за клубот Витјаж, почина откако падна од 18-от кат на зграда.
За време на оваа трагедија во станот била неговата девојка.
Выпал из окна 18-го этажа, когда любимая девушка пошла в душ: погиб 21-летний хоккеист …
— VOICE (@TheVoiceMag_RU) June 23, 2023
Тие двајца живееле во близина на Москва, а откако девојката на рускиот хокеар сфатила дека тој не е во станот, веднаш истрчала надолу, но веќе било доцна.
Vityaz confirms the death of 21 yr old Georgi Savin. 🙏 #Ryazan #VHL pic.twitter.com/LPjcLbw8e2
— Hockey News Hub (@HockeyNewsHub) June 23, 2023
Савин сезонава одигра 13 натпревари во руската КХЛ лига, а претходно настапуваше за Рјазан ВДВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити ќе потроши 70 милиони евра за Португалец од Вулверхемптон
Пеп Гвардиола четврти пат по ред, односно петти пат во последните шест години со Манчестер сити стана шампион на Англија. Неколку дена по освојувањето на титулата, клубот ги започна плановите за летниот преоден рок. секако, Сити ќе има речиси неограничен буџет за да му ги исполни желбите на Гвардиола.
До крајот на оваа сезона Манчестер сити ќе го одигра уште финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер јунајтед на Вембли, на 25 ,мај.
Но, раководството на клубот заедно со Гвардиола веќе размислува за потенцијалнуе засилувања. Еден од главните кандидати, според британските медиуми, е напаѓачот на Вулверхемптон, 24-годишниот Педро Нето. Во тековната сезона на 20 натпревари постигна девет гола.
„Волците“ минатото лето му го продадоа Матеуш Нунес на Сити за 62 милиони евра. Како што сега стојат работите, Нето ќе гтргне по стапките на Нунес.
Негивот трансфер ќе биде нов клупски рекорд. Вулверхемптон за него бара 70 милиони евра. Интерес за Португалецот покажа и Њукасл, но прашање е дали „страчките“ можат да им парираат на „граѓаните“ и дали фудбалерот има желба да се пресели во Њукасл.
Непосредно пред да дојде на островот играше во Серија А, беше член на Лацио, но таму не се прослави. Преселбата во Вулверхемптон беше фантастичен потег за неговата кариера.
Доаѓањето на Нето веројатно би значело и заминување на еден од играчите од средниот ред, можно е тоа да биде Бернардо Силва или Џек Грилиш, додека допрва клубот ќе објави каков е статусот на Кевин Де Брујне.
Спорт
Флик го одбил Челси, чекал понуда од Барселона
Германскиот стручњак Ханси Флик ја одбил понудата да го преземе Челзи. „Мундо Депортиво“ тврди дека Флика ќе чека понуда од барселона.
Челзи, вчера му врачи отказ на Покетино. Наводно, прв пик на клупските челници бил Флик.
Германецот е без ангажман, а своевремено ги тренираше Хофенхајм, Баерн и германската репрезентација.
„Мундо депортиво“ пренесува дека Флик ја следи ситуацијата во Барселона по несугласувањата на релација Џоан Лапорта-Чави Ернандез.
Лапорта во понеделник треба да одржи состанок со Чави на кој ќе се одлучи кој ќе ја води Барселона следната сезона.
Шпанските медиуми тврдат дека доколку Чави добие отказ, Флик најверојатно ќе биде нов тренер на каталонскиот клуб.
Спорт
Силвињо доби албанско државјанство
Бразилецот Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност што со националниот тим избори на Европското првенство.
Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета.
Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.
Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија.
Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но челниците на националниот сојуз изразија желба да ја продолжат соработката со бразилскиот селектор.