Спорт
Салах наречен „бела свиња“, закани кон неговата мајка!
Мо Салах можеби е вистинска суперѕвезда во Европа и во својот роден Египет, но се наоѓа во незавидна ситуација да се бори со луѓето од Египетската фудбалска федерација (ЕФА), кои почнаа да се закануваат на неговата мајка, а него го нарекоа „бела свиња“…


Мо Салах можеби е вистинска суперѕвезда во Европа и во својот роден Египет, но се наоѓа во незавидна ситуација да се бори со луѓето од Египетската фудбалска федерација (ЕФА), кои почнаа да се закануваат на неговата мајка, а него го нарекоа „бела свиња“.
Салах се бунтува против користењето на неговиот лик во комерцијални цели од федерацијата, конфликт кој започна летово, кога на авионот со кој репрезенативците патуваа на СП во Русија го имаше неговиот лик без дозвола. Оваа недела тој повторно се зачуди што никој од федерацијата не го повикал на разговор.
„Никогаш не сум барал посебен третман од ЕФА и не се гледам самиот себе како некој над моите соиграчи. Кога зборувам за проблемите, зборувам за сите. Нè тераат да патуваме со економска класа, а другите африкански тимови патуваа со бизнис-класа. Јас не сум капитен, но морам да зборувам“, изјави Салах.
Ова наиде на неочекувана реакција на луѓето од ЕФА. Најконтроверзна беше изјавата на Калед Латиф, член на бордот на ЕФА кој на „Твитер“ му порача: „Сакам да го потсетам Мо Салах дека неговата мајка уште живее во Египет. Ти си надвор и можеш да правиш што сакаш. Тие кои разбираат, разбираат“.
Магди Абд Ел Гани, уште еден член на бордот на ЕФА, пак, го нарече Салах „бела свиња“ на „Твитер“, а подоцна го избриша постот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал мора да плати доколку сака Трент да игра на клупското СП

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид.
Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул.
Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни.
Со оглед на околностите, Ливерпул не сака да им излезе во пресрет на, но под услов Реал да плати 1,5 милиони евра, за да го раскине договорот со Трент три недели порано.
Според странските медиуми, Реал е подготвен да ја плати таа сума за англискиот дефанзивец, но велат дека Ливерпул би можел да побара повеќе, со оглед на околностите под кои Трент ги напушта „црвените“.
Англискиот репрезентативец без обесштетување ќе го напушти клубот.
Спорт
Гатузо и Хајдук спогодбено ќе се разделат

Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим.
Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и ќе го напушти клубот без отпремнина, објави „Индекс“ повикувајќи се на свои извори.
Гатузо одамна одлучи да си замине, дури и по победата од 1:0 во Копривница во натпреварот од 28. коло. Тогаш, Хајдук беше во многу подобра ситуација отколку денес, кога од третото место натабелата, може само да се надева на чудо што ќе им ја донесе титулата.
Доколку Динамо не попушти на утрешниот натпревар против Локомотив на „Максимир“, таа шанса повеќе нема да постои. Последната титула Хајдук ја освои во сезоната 2004/05.
Гатузо ќе го напушти Сплит без обештетување со спогодбен раскин на договорот. Во оваа сезона, Хајдук го водеше во 41 натпревар со сооднос од 18 победи, 14 нерешени и девет порази.
Спорт
Митровски во конкуренција за играч на сезоната во Хрватска

Репрезентативецот на Македонија Димитар Митровски (26) е во конкуренција за играч на сезоната во фудбалскиот шампионат на Хрватска.
Митровски сезонава е најдобриот стрелец на Вараждин со седум гола. Покрај Митровски во конкуренција за играч на сезоната се Тони Фрук (Ријека), Ален Гргиќ (Славен Белупо), Роберт Мудражија (Локомотива) и Марко Ливаја (Хајдук).
Ливаја е фаворит во оваа трка, тој е најдобар стрелц во првенството со 18 гола, има и девет асистенции. Напаѓачот на Хајдук четири пат оваа сезона ја доби наградата за играч на месецот.