Спорт
Салах најмногу ја зголемил својата пазарна вредност, СМС е деветти
Истражувањата на „Фудбалската група“ на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ги објави резултатите од своето најново истражување.
Организацијата од Нојшател која детално се занимава со сите статистички податоци во светот на фудбалот, во с…

Истражувањата на Фудбалската група на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ги објави резултатите од своето најново истражување.
Организацијата од Нојшател, која детаљно се занимава со сите статистички податоци во светот на фудбалот, во своето последно истражување се занимава со зголемувањето на вредноста на фудбалерите во најсилните пет европски првенства.
Истражувањето на ЦИЕС ги опфаќа изминатите шест месеци.
Најмногу својата вредност на фудбалскиот пазар, според истражувањето на ЦИЕС, ја зголемил напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. Цента на Салаха пораснала 74,7 милиони евра и тој на фудбалскиот пазар сега вреди 162,8 милиона евра.
Голем скок бележи и голманот на Манчестер сити, Едерсон, за кого минатото лето „граѓаните“ платија 24,3 милиони евра. Едерсон сега е проценет на 98,7 милиони евра.
Во топ-5 на ова истражување се наоѓаат уште двајца играчи на Манчестер сити, Лирој Сане и Габриел Жесус.
Сане е на третата позиција. Во однос на септември минатата година неговата вредност пораснала 63 милиони евра, односно, според ЦИЕС, тој сега вреди 151,2 милион евра.
Жесус за коог Сити плати 52,8 милиони евра, сега е проценет на 105,9 милиони евра.
Меѓу играчите на Сити, на четвртото место се смести тинејџерот од ПСЖ, Килијан Мбапе, неговата вредност пораснала 54,7 милиони евра. Францускиот репрезентативец сега вреди 188,5 милиони евра.
На листата на ЦИЕС, на која има 50 имиња, Балканот го преставуваат двајца репрезентативци на Србија: Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) и Немања Матиќ.
Милинковиќ-Савиќ е на деветтото место, вредноста му се зголемила 40,7 милиони евра и во однос на септември минатата година тој има вредност од 70,5 милиони евра.
Матиќ е на 24. место, вреди 29,5 милиони евра повеќе од времето кога го направи трансферот во Манчестер јунајтед. Цената на Матиќ изнесува 60,3 милиони евра.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA
Спорт
Португалец и Аргентинец го засилија нападот на Вест Хем
Вест Хем Јунајтед вложи 50 милиони евра во двајца напаѓачи, во обид да избори опстанок во Премиер лигата. „Чеканите“ се 18-ти на табелата, со 14 поени и само три победи во првите 20 натпревари.
Нови играчи на Вест Хем се Валентин Тати Кастељанос и Пабло Фелипе.
Трансферот на Кастељанос од Лацио ги чини „чеканите“ 29 милиони евра. Овој напаѓач е еден од ретките што испеал против Реал Мадрид да постигне четири гола. Тоа беше во периодот кога играше во Џирона.
Од Џирона се пресели во Лацио, каде не успеа да се наметне. На 98 натпреври за небесносините постигна само 22 гола.
Пабло Фелипе е 22-годишник кој пристигна од редовите на Жил Висенте. Со 10 гола во 13 натпревари, тој ги одведе до четвртото место во лигата, резултат што ги надмина сите очекувања.
Тимот од главниот град на Англија плати 23 милиони евра за португалскиот играч, што е висока цена за некој што постигнал само 15 гола во својата професионална кариера до оваа сезона.
Спорт
Росениор потврди дека е новиот тренер на Челзи
Лиам Розениор ќе стане новиот менаџер на Челзи.
Сега веќе поранешниот тренер на Стразбур, ова го потврди за медиумите, дури и пред официјалното соопштение од „Стемфорд Бриџ“.
„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски шампион и едноставно не можев да ја одбијам. А сега конечно можам да си одам дома, да ги видам моите деца. Жртвував многу за да бидам толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур се најдобриот период од мојата кариера. Во текот на последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав некои неверојатни луѓе и ништо од ова немаше да се случи без напорната работа на сите во клубот. Немав понуда само од Челзи, имаше и други од Лигата на шампионите, но не можев да ја одбијам оваа можност“, подвлече Розениор.
Се очекува новиот менаџер да дебитира за време на викендот во ФА Купот против Чарлтон.
Foto/ EPA

