Спорт
Светската анти-допинг агенција ја „помилува“ Русија
Русија ќе направи кам-бек на интернационалната спортска сцена, откако Светската анти-допинг агенција (ВАДА) препорача Руската допинг-агенција (РУСАДА) да биде вратена во „семејството“, со импликации за сите суспензии на Русија, вклучувајќи ја олимписка…


Русија ќе направи кам-бек на интернационалната спортска сцена, откако Светската анти-допинг агенција (ВАДА) препорача Руската допинг-агенција (РУСАДА) да биде вратена во „семејството“, со импликации за сите суспензии на Русија, вклучувајќи ја олимписката и таа од светот на атлетиката.
РУСАДА беше суспендирана од ВАДА во ноември 2015 по „извештајот Мекларен“ во кој се тврдеше дека агенцијата помогнала во допингување и прикривање на допингот на 1.000 спортисти од Русија. Ова е првична одлука, која треба да биде потврдена на извршниот комитет на организацијата на 20 септември.
„Писмото од руското Министерство за спорт ги призна проблемите во Русија, исполнувајќи го првиот од двата критериуми за враќање“, се вели во соопштението на ВАДА.
Вториот критериум е соработка на лабораторијата во Москва преку надгледување од интернационални експерти.
Во четвртокот, Британската анти-допинг агенција (УКАД) и дел од британските олимпијци пратија писмо со кое побараа ВАДА да не ја враќа Русија бидејќи ќе се работи за „катастрофа за чистиот спорт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Скај Спорт: Кевин Де Брујне го напушта Манчестер сити

Кевин Де Бујне (33), еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и легенда на Манчестер сити, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч, објави „Скај Спорт“.
Белгиецот кој во Сити пристигна во 2015 година за 76 милиони евра, одби да го продолжи договорот со клубот. Де Брујне одигра 409 натпревари за Сити, постигна 105 голови и забележа 173 асистенции. Со клубот освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет Лига купови и во 2023 толку посакуваната Лига на шампиони.
Иако Де Брујне и понатаму е еден од најдобрите играчи во светот, се чини дека Пеп Гвардиола решил да тргне во насока на подмладување на тимот. Белгиецот во јуни ќе наполни 34 години, а во последно време често го мачат повредите.
Според последните информации тој би можел да ја продолжи кариерата во МЛС. Сан Диего новиот клуб во лигата, наводно е во напредни преговори со белгискиот играч за врска. Американскиот клуб му нуди статус на ѕвезда и улога на клучен играч во првата сезона во МЛС.
Спорт
Лука Карабатиќ ја заврши репрезентативната кариера

Францускиот ракометар Лука Карабатиќ објави дека ставил крај на репрезентативната кариера.
Карабатиќ (36) со француската репрезентација има освоено десет медали на големите натпреварувања, од кои пет златни. Во моментов е член на Пари Сен Жермен.
„По Олимпијадата дојде до смена на генерацијата, а кога се вратив на тренинзите по мојата повреда во ноември 2024 година, сфатив дека многу познати лица повеќе ги нема. Тоа ме натера да се преиспитам. По неуспехот на Олимпијадата, не сакав да ја завршам репрезентативната кариера со чувство на горчина.
Сè уште имав можност да играм на големо натпреварување и да се обидам да ја завршам кариерата на високо ниво“, изјави меѓу другото Карабатиќ на социјалните мрежи.
Карабатиќ годинава со репрезентацијата на Франција го освои бронзениот медал на Светското првенство.
„Уживав на последниот турнир. Не беше лесно, но успеав да уживам. Секако, не ја освоивме титулата, но да ја завршам репрезентативната кариера со медал е посебно чувство“, истакна ракометарот на Пари Сен Жермен.
Спорт
Артета: Не се откажуваме од борбата за титулата

Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата.
Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството.
„Нема откажување од борбата за титулата. Само преку мене мртов“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички се уште е можно“.
Арсенал во среда гостува кај Нотингем Форест во вонредно коло, додека лидерот Ливерпул го пречекува Њукасл.