Спорт
Севилја утна пенал, Барса со титулата, Меси најтрофеен во историјата! (видео)
Барселона го освои необичниот шпански Суперкуп, победувајќи ја Севилја со 2:1 на „неутрален“ терен во Тангер, Мароко, откако андалузискиот клуб пропушти златна шанса и утна пенал во судиското продолжение.
Севилја дојде прва во водство уште во 9. минута…


Барселона го освои необичниот шпански Суперкуп, победувајќи ја Севилја со 2:1 на „неутрален“ терен во Тангер, Мароко, откако андалузискиот клуб пропушти златна шанса и утна пенал во судиското продолжение.
Севилја дојде прва во водство уште во 9. минута, кога по одличниот продор на Муриел, Сарабија го совлада Тер Штеген. Барса израмни во 42. минута преку Жерард Пике кој налета на одбиената топка по фантастичниот слободен удар на Лео Меси, а водството го доби во 79. минута преку Французинот Усман Дембеле, кој постигна прекрасен гол од дваесетина метри.
Меѓутоа, мечот можеше да има поинаква завршница доколку Видам Бен Једер не изведеше „пацерски“ пенал во 93. минута.
За разлика од вообичаениот формат на шпанскиот суперкуп, кој се игра во два натпревари, овојпат Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради обврските на Севилја во европските купови, реши да има само еден натпревар и тоа во Мароко.
Со оваа титула, Лионел Меси стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Каталонците, поминувајќи го легендарниот Андрес Иниеста. Меси во кариерата има освоено неверојатни 33 трофеи со Барселона – 9 од Ла лига, 8 од суперкупот на Шпанија, 6 од Копа дел реј, 4 од Лигата на шампионите, 3 од Светските клупски првенства и 3 од европскиот суперкуп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борнмут го официјализира трансферот на Адли

Мароканскиот фудбалски репрезентативец Амин Адли (25) го напушти Баер Леверкузен и потпиша петгодишен договор со Борнмут, објави клубот од Премиер лигата.
Адли, роден во Безје и израснат во Тулуз, игра како крилен напаѓач. Во Бундеслигата играше од 2021 година, а претходно беше дел од Тулуз во Лига 1 и Лига 2.
Во текот на три години во Баер, тој одигра 143 натпревари со 23 гола и 25 асистенции, и беше дел од тимот на тренерот Чаби Алонсо кој ја освои двојната круна во сезоната 2023/2024, Бундеслигата и Купот на Германија.
Според медиумските извештаи, Борнмут платил 29 милиони евра за да ги откупи преостанатите три години од договорот на Адли.
Баер остана без уште еден клучен играч од шампионската сезона ова лето, по заминувањата на тренерот Чаби Алонсо, голманот Лукаш Храдецки, капитенот Џонатан Тах, Гранит Џака, Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Елмас се враќа под Везув – Наполи преговара со Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Според шепкулациите најголем интерес за Елмас покажува неговиот поранешен клуб Наполи.
Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата.
Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Двете страни сега треба да ги договорат тие услови. Лајпциг ја одбиле орвата понуда од 1.500.000 евра за позајмицата и 11.500.000 евра за откуп на договорот.
Германскиот клуб бара 3.000.000 за позајмицата и близу 20.000.000 за откуп на договорот.
Foto/ EPA/MICHELE MARAVIGLIA
Спорт
Италијанските тренери сакаат Израел да биде исфрлен од сите натпреварувања

Асоцијација на италијанските фудбалски тренери (AИIAЦ) повика на суспензија на Израел од сите меѓународни фудбалски натпреварувања поради војната во Газа.
AИAЦ испрати писмо до Италијанската фудбалска федерација барајќи апелот го да проследат до ФИФА и УЕФА. Ова не е само симболична акција, туку неопходен избор, одговор на морален императив што го дели целиот раководен тим на AИАЦ, се вели во неа.
„Вредностите на човештвото, кои се основа на спортските вредности, нè принудуваат да се соочиме со акти на угнетување со ужасни последици. Можеме да се фокусираме само на играта, свртувајќи ги главите од теренот. Веруваме дека ова не е правилно. Има премногу невини смртни случаи. Меѓу нив има многу спортисти.
Ова е уште една причина за барање меѓународни контрамерки, вклучително и во нашиот сектор. Светот гори. Многу луѓе, како Палестинците, страдаат. Индиферентноста е неприфатлива“, соопшти AИАЦ.
Италија и Израел се во истата група во квалификациите за пласман на СП 2026. Првиот натпревар е закажан за 8 септември во Дебрецен, Унгарија, додека реваншот е на 14 октомври во Удине.
Минатиот октомври, овие две репрезентации играа во Удине во Лигата на нации, а средбата беше обележана со силни безбедносни мерки и протести.