Спорт
Сериозни зборови од Британија: Путин ќе го искористи СП како Хитлер Олимпијадата!
Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон ги „распали“ тензиите пред Светското првенство во Русија, велејќи дека претседателот Владимир Путин ќе го искористи Мундијалот исто како што Адолф Хитлер ги искористил Олимписките игри во Берлин в…
Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, ги распали тензиите пред Светското првенство во Русија велејќи дека претседателот Владимир Путин ќе го искористи мундијалот исто како што Адолф Хитлер ги искористил Олимписките игри во Берлин во 1936 година.
Односите меѓу Русија и Велика Британија се на најниско можно ниво последните недели кога поранешниот руски шпиуон Сергеј Скрипал беше отруен со нервен гас во близината на својот дом во Салисбјури за што Британците дефинитивно го обвинуваат Путин. Русија на ова луто одговори, а двете нации ги вратија своите дипломати.
Џонсон, кој претходно најави дека Англија не треба да настапува на мундијалот, сега вели дека Путин, кој беше реизбран за претседател со 70 отсто од гласовите, ќе се однесува исто како Хитлер.
„Мислам дека оценката за тоа што ќе се случува во Москва на Светското првенство, на другите стадиони, ќе биде споредено со 1936 година. Не е убаво да се помисли дека Путин ќе слави на ова спортско натпреварување“, изјави Џонсон одговарајќи на прашање од лабуристичкиот пратеник Јан Остин, кој оцени дека „Путин ќе го користи шампионатот исто како што Хитлер ја искористи Олимпијадата во 1936“.
Остин повтори дека Англија треба да се повлече од мундијалот во знак на протест.
„Искрено, сметам дека Англија не треба да учествува на Светското првенство. Не треба да го поддржуваме Путин во неговата пиар-забава да ги замачка сериозните нарушувања на човековите права за кои само тој е одговорен“, изјави Остин.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.