Спорт
Сопственикот на Јунајтед собра милиони за Доналд Трамп
Сопственикот на Манчестер јунајтед, Ед Глејзер беше домаќин на специјална забава за собирање средства за американскиот претседател Доналд Трамп.
Гостите во неговата куќа во Беверли Парк во Калифорнија во вторникот навечер платија од 35.000 до 250.000 д…

Сопственикот на Манчестер јунајтед, Ед Глејзер, беше домаќин на специјална забава за собирање средства за американскиот претседател Доналд Трамп.
Гостите во неговата куќа во Беверли парк во Калифорнија во вторникот навечер платија од 35.000 до 250.000 долари за билети за настанот, а вкупно имаше 64 гости. Целта беше да се соберат 5 милиони долари. Според порталот „ТМЗ“, забавата прво имала име „забава за победа“, но по елиминацијата на Јунајтед во Лигата на шампионите го загубила тоа име.
Глејзер е долгогодишен поддржувач на Трамп и донираше 98.000 долари за кампањата, 250.000 долари за комитетот за инаугурација и 50.000 долари по победата на кандидатот на Републиканската партија.
Сепак, Глејзер претходно донираше и 5.400 долари за претседателската кампања на Хилари Клинтон. Тој живее во луксузен дом од 22.7 милиони долари со својата сопруга Шари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Меси нема да остане сам во Интер Мајами
Интер Мајами ја освои титулата во МЛС, а потоа Серхио Бускетс и Џорди Алба официјално ги завршија своите кариери.
Во исто време, иднината на Луис Суарез не беше позната, бидејќи се шпекулираше дека поранешниот голгетер на Барселона би можел да го смени клубот.
Сепак, како што пишува „Атлетик“, уругвајскиот напаѓач наскоро ќе го стави потписот на на новиот договор со Интер од Мајами.
Ова значи дека, Суарез ќе остане со својот голем пријател Лионел Меси, со кого се речиси неразделни уште од времето кога беа заедно во Барселона.
Откако пристигна во Интер, искусниот напаѓач одигра 87 натпревари, постигна 42 гола и додаде 29 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алкараз и Фереро ја прекинаа соработката
Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, објави шокантната вест пред почетокот на новата сезона.
Алкараз на социјалните мрежи објави дека, Хуан Карлос Фереро повеќе нема да биде негов тренер.
„Многу ми е тешко да го напишам овој пост… По повеќе од седум години заедно, Хуанки и јас решивме да ставиме крај на нашата заедничка сцена како тренер и играч“, започна Алкараз.
Дојде редот на благодарност до менторот Ферер, некогашен светски број 1.
„Ти благодарам што ги претворивте моите детски соништа во реалност. Го започнавме овој пат кога бев само дете, и во текот на тоа време ме придружувавте на неверојатно патување, на и надвор од теренот. И неизмерно уживав во секој чекор со вас“, напиша 22-годишниот Алкараз, додавајќи:
„Успеавме да го достигнеме самиот врв и чувствувам дека ако нашите спортски патеки мораа да се разделат, тоа мораше да биде токму сега. Од местото за кое отсекогаш работевме и секогаш се стремевме да стигнеме“.
Заедно освоија 24 титули, шест од нив на гренд слем турнирите.
„Толку многу спомени ми поминуваат низ главата што би било неправедно да се задржам само на едно – би било неправедно. Ме натера да пораснам како спортист, но пред сè како личност. И нешто што го ценам исклучително: уживав во процесот. Тоа ќе остане – патот што го поминавме заедно. Сега се времиња на промени за двајцата, нови авантури и нови проекти. Но, сигурен сум дека ќе им пристапиме на вистинскиот начин, давајќи го најдоброто од себе, како што секогаш правевме“.
За крај момчето од Мурсија напиша:
„Со цело мое срце, ти посакувам се најдобро во сè што доаѓа. Останувам смирен затоа што знам дека не задржавме ништо за себе, дека си дадовме сè еден на друг. Ти благодарам за сè, Хуанки!“
Како најголема цел за новата сезона, Алкараз го наведе освојувањето на Австралија Опен, единствената Гренд слем титула што му недостасува досега. Во наредните денови тој треба да објави кој ќе биде неговиот нов тренер.
Спорт
Лапорта ќе му понуди нов договор на Ханси Флик
Фудбалскиот клуб Барселона планира да му понуди нов договор на Ханси Флик.
Иако Германецот го обнови договорот до 2027 година пред неколку месеци, Џоан Лапорта сака да му понуди соработка за уште една сезона, до летото 2028 година.
Германскиот весник „Билд“ додава и дека Барса сака да го засили тимот на Флик, но дека во моментов сè уште има финансиски проблеми, поради што ќе има големи проблеми да донесе нови играчи. .
Флик е исто така среќен во каталонскиот клуб, што јавно го кажа неколку пати, а продолжувањето на соработката не би требало да биде проблем.
Не е исклучено дека Џоан Лапорта сака да ги заврши овие преговори пред претседателските избори, кои се закажани за 2026 година, но не се знае дали напролет или налето.
Флик целосно ја прероди Барселона откако го наследи Чави Ернандез и во својата прва сезона ги освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, победувајќи го Реал Мадрид во сите три натпреварувања. Во четири „Ел Класико“, Барса постигна 16 гола и имаше максимални 4/4.
За навивачите, ова е најдобриот доказ дека Барса и Флик се совршен пар, па затоа не е изненадувачки што клубот сака да ја продолжи соработката со германскиот тренер.
Foto/ depositphotos

