Спорт
Со „Среќна 13-ка“ на „Спорт лајф“ секој месец добивки до 120 илјади денари

Во обложувалниците на Спорт Лаиф, во тек е акцијата „Среќна 13-ка“, која може да ви донесе премија и до 120 000 денари. Истата ќе се одвива во месечни етапи сѐ до 30 јуни наредната 2025 година.
Акцијата се однесува на тикетите на кои се типувани и погодени 13 натпревари, со минимален коефициент по натпревар од 1,4 и со минимална уплата од 20 денари.
На крајот на секој месец, ако двајца или повеќе обложувачи имаат погодено 13 натпревари на тикет од исто толку типувани, за победник ќе се смета играчот со повисок погоден коефициент на добитниот тикет. Првопласираниот ќе освои 120.000 денари, додека второ и третопласираните 60.000 и 20.000 денари, за секоја месечна етапа посебно.
Акцијата важи исклучиво за несистемски тикети, односно за тикети со една комбинација, и тоа регистрирани со SL клуб-картичката, а во понудата на натпревари се опфатени и натпреварите „Во живо“ и натпреварите од понудата „Супер тип“.
Резултатите и тековните рангирања на обложувачите од „Среќна 13-ка“, можете да ги следите на веб страницата на Sport Life.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клупско СП: Палмеирас славеше во бразилското дерби во продолженијата

Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави.
Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот Линколн Фајненшл Филд во Филаделфија заврши со резултат 1:0 (0:0, 0:0).
Победникот е одреден дури по продолженијата откако по 90 минути игра немаше голови. Стрелец на одлуката беше Паулињо во 100. минута. Палмеирас по 90 минути имаше далеку повеќе удари кон голот (16:4), но идната ѕвезда на лондонскиот Челси, 18-годишниот „вундеркинд“ Вилијан Естевало и останатите фудбалери во зелени дресови не најдоа пат до мрежата на Ботафого во регуларниот дел.
Спорт
Норис со брутален круг до пол-позицијата во Австрија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија.
Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку.
Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс). Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен ќе стартува од седмата позиција, веднаш до него е дебитантот од Заубер, Гавриел Бортолето.
Топ 10 ги комплетираа Кими Антонели (Мерцедес) и Пјер Гасли (Алпин).
Трката на патеката Спилберг се вози в недела со почеток во 15 часот.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.
„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“
Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.