Спорт
Спектакл за Халеп, свирежи за градоначалничката на Букурешт (галерија+видео)
Околу 20.000 фанови се собраа во Букурешт за да ја пречекаат Симона Халеп, првата романска тенисерка по неколку децении со гренд слем титула во колекцијата.
Во огромната „Национална арена“ во Букурешт, Халеп беше пречекана со својот трофеј од Ролан Гар…
Околу 20.000 фанови се собраа во Букурешт за да ја пречекаат Симона Халеп, првата романска тенисерка по неколку децении со гренд слем титула во колекцијата.
Во огромната „Национална арена“ во Букурешт, Халеп беше пречекана со својот трофеј од Ролан Гарос. Халеп е првата Романка со голема титула по нејзината менаџерка Виргинија Ружичи, која победи на Ролан Гарос пред 40 години.
„Сакам да и се заблагодарам на Романија за сѐ што ми даде досега. Се надевам дека овој трофеј е почеток на нова генерација на шампиони. Не сакам никогаш да го заборавам овој момент. Моето срце е со вас“, изјави емотивната Халеп.
Прославата иако имаше еден незгоден момент – кога градоначалничката на Букурешт, Габриела Фиреа се појави на сцената, аплаузите станаа свирежи. Фиреа на ова одговори, велејќи дека невладините организации поврзани со Џорџ Сорос имале „заговор“ да го уништат случувањето.
“I want to thank Romania for everything it has given me so far. I hope this trophy is the beginning of a new generation of champions. I don’t want to leave this scene, it’s too beautiful. Thank you and my heart is with you” – a very emotional Simona Halep.
?: Digi Sport pic.twitter.com/fxKJZ1LeOS
— Ramona Toderaş (@RamonaToderas) June 11, 2018
SIMPLY THE BEST: @Simona_Halep
Welcome home, CHAMP!
??❤ pic.twitter.com/4IFzn7MuIO— Simona Halep FanSpace (@Los_Halepenos) June 11, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.