Спорт
Столе е најпопуларниот капитен во Европа



Европската ракометна федерација (ЕХФ) организираше интересна анкета на својата интернет страница. Фановите гласа на прашањето кој е најпопуларниот капитен во Европа.
Најмногу гласови освои капитенот на Вардар Стојанче Стоилов. Во анкетата гласале преку 5.500 посетители на интернет страницата на ЕХФ, а Стоилов освои 64 отсто од гласовите.
Зад капитенот на Вардар, заврши капитенот на Барселона, ветеранот Виктор Томас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шредер во одбрано друштво

Денис Шедер, моторот на германската репрезентација и ја донесе на својата земја втората европска титулата во историјата. Германија, синоќа во Рига, успеа да ги обедини светската и европската титула. Во 2023 година во Манила, Германија предводена од Шредер стана светски првак.
Во драматично финале, Германија успеа да ја победи Турција со 88:83. До златото ги предводеше Шредер, кој постигна 16 поени и 12 асистенции. Шест од 16 поени постигна во последната минута. Голема помош доби од Исак Бонга (20 поени), кој беше прогласен за МВП на финалето.
Шредер на крајот од рацете на шпанската легенда, Хорхе Гарбахоса, ја доби наградата МВП, за најдобар играч на првенството. Оваа награда, Шредер ја доби и на Светското првенство во Манила.
Капитенот на Германија стана седмиот играч во историјата кој успеа да ги обедини овие две награди.
Претходно тоа им успеало на Дражен Далипагиќ, Сергеј Белов, Тони Кукоч, Дражен Петровиќ, Дирк Новицки и Пау Гасол.
Foto/ EPA
List of players with Eurobasket and World Cup MVPs:
Sergei Belov
Drazen Dalipagic
Drazen Petrovic
Toni Kukoc
Dirk Nowitzki
Pau Gasol
DENNIS SCHROEDERThe German point guard now pretty much a lock for the Hall of Fame. All the other players in the list have been inducted. pic.twitter.com/qqJfV3bCVe
— HoopsHype (@hoopshype) September 14, 2025
Спорт
(Видео) Ди Марија постигна гол директно од корнер

Иконата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Анхел Ди Марија, продолжува да импресионира дури и во ветеранските години.
Росарио Централ на Ди Марија и Бока Јуниорс го одиграа дербито на осмото коло во Калусура.
Ди Марија во 24-та минута изведе корнер, ги изненади сите на стадионот, наместо центаршут постигна спектакуларен гол и го постави конечниот резултат.
¡¡¡GOLAZO OLÍMPICO DE FIDEO DI MARÍA PARA EL 1-1 DE ROSARIO CENTRAL ANTE BOCA!!! pic.twitter.com/DDWGnuSt9W
— SportsCenter (@SC_ESPN) September 14, 2025
По петтото реми во седум натпревари, тимот на Ариел Холан е сè уште непоразен, бидејќи забележа и две победи. Тимот од стадионот „Иганте де Арохито“ е на седмата позиција на Клаузура со натпревар помалку, па со нов триумф, би можеле да стигнат и до четвртото место.
Ди Марија се врати во својот клуб од детството ова лето, дојде од Бенфика како слободен играч. Оттогаш, тој одигра седум натпревари и постигна четири гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Најлошиот менаџер на Јунајтед по Втората светска војна

Португалецот Рубен Аморим, менаџер на Манчестер јунајтед, имаше скандалозен учинок откако пристигна во Премиер лигата.
По очајната прва сезона во Манчестер (седна на клупата во декември минатата година), Аморим ужасно ја започна оваа сезона катастрофално. По четири кола освои ист број бодови, доволни само за 14-то место на табелата.
По поразот од градскиот ривал Манчестер сити, неговиот настап во Премиер лигата со Јунајтед е 8 победи, 7 нерешени и дури 16 порази, со гол разлика од -13, односно победил на само 25,8 отсто од натпреварите во Премиер лигата.
Неговиот вкупен процент на победи откако се приклучи на клупата на „Црвените ѓаволи“ е 36,17%, што го прави најлошиот менаџер на Јунајтед од Втората светска војна.
Интересно е што Ерик тен Хаг, човекот кој беше заменет од Аморим поради лоши резултати, е на третото место на таа листа со дури 54,69 проценти победи.
Ruben Amorim has the worst win percentage of any permanent #mufc manager since the Second World War. ❌🇵🇹 pic.twitter.com/8CtHnrP867
— UtdDistrict (@UtdDistrict) September 14, 2025