Спорт
Струмица Никоб убедливо го победи холандскиот шампион Динамо Апелдорн во Цев Лигата на шампиони, но немаше среќа во “златниот сет”
ОК Струмица Никоб, македонскиот шампион во одбојка направи голем чекор во елитното спортско натпреварување во одбојка Цев Лигата на шампиони со победа над холандскиот шампион Динамо Апелдорн, но не продолжи во следната фаза заради минамалната разлика во златниот сет.
Одбојкарите на Струмица Никоб го оставија срцето на теренот и беа доминантни во вториот и третиот сет, но не ги послужи среќата во клучниот златен сет.
Но, амбициите продолжуваат понатаму, со генералниот спонзор НИКОБ имаме предвидливост и сигурност во нашите цели. Знаеме каде згрешивме и како и каде да ги корегираме во блиска иднина. Бевме сериозно оштетени што нашето засилување од Русија не доби спортски визи за првиот натпревар во Холандија и сметаме дека политика во спортот не треба да има.
![]()
Следната цел и визија на долг рок е изградба на академија за одбојка во Струмица за сите генерации како лулка на одбојката во Македонија, и инвестиции во спортска инфраструктура и капацитети.
Одбојката е многу популарен спорт како младите и тинејџерите во Европа, бидејќи е спорт кој сериозно го гради физички телото, но и психички одлично влијае на младите како колективен и тимски спорт кој се рефлектира во правилна социјализација на младиот дух, затоа и вреди да се инвестира во овој спорт бидејќи клубот дава резултат и на државно и на меѓународно ниво.
![]()
Изјава од Владо Милев, македонски репрезентативец во одбојка и најискусниот играч во ОК Струмица Никоб
– Не можам а да не бидам задоволен од играта и резултатот од реванш натпреварот кој го игравме во Скопје од Цев Лигата на шампиони. Победивме против шампионот на Холандија, земја која знаеме што значи во европската и светската одбојка. За жал поради доста проблеми и нашиот некомплетен состав на патувањето во Холандија го изгубивме првиот натпревар и патникот во следното коло се одлучуваше со ‘златен сет’ . Во златниот сет сепак пресуди поголемото искуство и учества на вакви натпреварувања кое го имаше екипата на Динамо Апелдорн и во пресудните моменти реагираа посконцентрирано и го добија со минимална разлика со 15:13. Честитки до екипата на Динамо Апелдорн, но честитки и до нашата екипа Струмица Никоб. Горд сум на сите играчи, стручен штаб, раководство и спонзори, во дадениот момент го дадовме нашиот максимум и покажавме дека можеме да се носиме со екипи од повисок ранг. Само за споредба, многу учесници и екипи каде сум настапувал порано, чекале неколку години, а некои од нив и уште чекаат за прва победа во Лигата на шампионите, нешто што ние го остваривме на нашето историско прво учество. Морам исто така да се заблагодарам и на нашиот генерален спонзор Групација Никоб кои во овие тешки кризни времиња издвојуваат средства, време и енергија како би се претставиле на што повисоко ниво. Имаме сериозни планови за развојот на одбојката во Македонија во иднина, креираме еден нов проект со тим од амбициозни и посветени луѓе и порано или подоцна резултатот ќе дојде на свое место.
![]()
Ни стигнуваат пофалби од сите страни, Европската федерација ни честиташе за победата, а посебно за организацијата на натпреварот која беше на највисоко ниво што секако многу ни значи. Ни следуваат уште натпревари од европските купови, одиме во 1/32 финале во ЦЕВ купот каде се среќаваме со екипата на Осијек од Хрватска. Првиот натпревар ќе се игра во Македонија на 11ти или 12ти Октомври додека возвратниот на 18ти или 19ти Октомври во Хрватска. Уште еднаш да се заблагодарам на цела Македонија за подршката, за сите присутни кои не бодреа во СЦ Јане Сандански, продолжуваме понатаму кон нови победи.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бајката продолжува, Боде/Глимт втор пат го победи Интер
Фудбалерите на Боде/Глимт ја комплетираа сензацијата, го елиминираа Интер и ќе играат во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По победата минатата недел, на домашен терен 3:1, вице-првакот на Норвешка победи и на „Џузепе Меаца“ со 2:1.
Боде/Глимт е најубавата приказна оваа сеозна во Лигата на шампионите. Клубот од северот на Норвешка, сезонава успеа да ги победи Манчестер сити, Атлетико во Мадрид и два пати Интер.
Ланскиот финалист, во реваншот во кој бркаше победа од најамалку два гола разлика ( за продолжение), само ја потврди лошата сезона во Лигата на шампините. Тимот на Кристијан Киву загуби пет од последните шест натпревари, а поразот од Боде/Глимт беше трет во низа во елитното натпреварување.
Статистиката вечи дека играчите на Интер изведоа 16 корнери, уаптија 30 удари кон голот на Хаикин, но таквата игра им донесе малку сериозни шанси за постигнување гол.
Откако Боде/Глимт се одбрани во првиот дел, во втроито дел малку ја отвори својата игра. Сето тоа беше без преголем ризик, со цел да се изнуди грешка на противникот.
Грешката ја дочекаа во 58-та минута, почетнички кикс на Аканџи, Зомер го одбрани првиот удар, но не и вториот на Хауге. Шеснаесет минути подоцна, филигрантска акција на Норвежаните, асистенција на Хауге и гол на Евјен.
Се што направи Интер до крајот е да постигне гол и да ја спаси честа. Голот е дело на Алесандро Бастони во 78-та минута.
Боде/Глимт во осминафиналето ќе играат против Спортинг или Манчестер сити.
Покрај Боде/Глимт и претходно Атлетико Мадрид, пласман во осминафиналето изборија Баер Лверкузен и Њукасл.
Спорт
Вардар 1961 го победи Мелсунген
Ракометарите на Вардар 1961, го победија Мелсунген во Групата 3 со 37:33 (18:19) во Лига Европа
Вардар 1961, против гостите кои дојдоа во Скопје без речиси половина тим, одигра лошо прво полувреме, но сите грешки успеаја да ги исправат во вториот дел и забележаа важна победа во борбата за пласман во четвртфиналето.
Мелсунген, без респект влезе во мечот, ги користеше слабсѕите во одбраната на црвено=црните и на половина од првиот дел имаа водство 4:10.
Вардар 1961, дури во финишот на првиот дел успеа да се консолидира и да дојде на само гол негатива.
Вториот дел Вардар го одигра далеку подобро, пред се во одбраната, а пресуди серија од три гола по 45-та минута.
Вардар до победата го предводеа Јака Малус со десет и засилувањето од Војводина, Вукашин Воркапиќ со девет погодоци, кои беа нерешлива енигма за германската одбрана.
Наредната рунда, го носи клучниот дуел за Вардар 1961 во борбата за пласман во Топ 8. Во Скопје ќе гостува Бенфика.
Спорт
Мбапе не игра против Бенфика
Реал Мадрид без Килијан Мбапеќе го одигра реваншот против Бенфика во Лигата на шампионите. Реал утре од 21 часот ќе го пречека португалскиот тим. По првиот меч клубот од Мадрид има предност 1:0.
Килијан Мбапе, стрелец на 38 голови од почетокот на сезоната, натпреварот со Бенфика ќе го пропушти поради повреда на левото колено.
Оваа сезона покажа и колку голем проблем може да биде тоа за Реал, бидејќи додека беше повреден, загуби од Албасете во Купот на Кралот, го загуби и Суперкупот од Барселона затоа што беше повреден, иако играше 15 минути, како и од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Колку Реал зависи од Мбапе оваа сезона покажува еден интересен факт. Французинот не постигна гол само во 10 од 33 натпревари што ги одигра оваа сезона. Од тие 10, Реал не победи во седум натпревари.
Foto/ depositphotos

