Спорт
Судијата од натпреварот Интер-Јувентус побарал полициска заштита
Даниеле Орсато, арбитарот кој го судеше дербито Интер-Јувентус, неколку дена по натпреварот се уште трпи критики, особено од навивачите на Интер.
Јувентус победи во Милано, иако Интер до 87.минута имаше водство 2:1. Мислењата, околу арбитражата на Орса…

Даниеле Орсато, арбитерот што го судеше дербито Интер-Јувентус, неколку дена по натпреварот сè уште трпи критики, особено од навивачите на Интер.
Јувентус победи во Милано, иако Интер до 87. минута имаше водство 2:1. Мислењата за арбитражата на Орсато се поделени, а најголем дел одат во насока дека тој тешко го оштетил Интер.
Незадоволните навивачи на Интер му испраќаат заканувачки пораки поради што тој побарал полициска заштита.
„Моите деца се исплашени и не сакам да бидам загрижен за нивната безбедност“, рекол Орсато за „Кориере дел венето“.
Весникот пишува дека семејството е загрижено дека може да биде нападнато во нивниот дом во близина на Венеција.
„Дали сме исплашени? Па зарем не гледаат во каква состојба сме“, рекла сопругата на Орсато.
Даниеле Орсато во 15. минута му додели директен црвен картон на Матијас Весино поради опасниот старт врз Марио Манџукиќ, а во второто полувреме пропушти да му го покаже вториот жолт картон на Миралем Пјаниќ.
Пресвртот против Интер доби значење ден подоцна кога Фиорентина го порази Наполи со 3:0, а Јувентус ја зголеми предноста во однос на екипата до Неапол на четири бода.
До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште три кола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

