Спорт
Тато го купи тимот, синот доби место – Ленс Строл возач на Форс Индија
Досегашниот возач на Вилијамс, 19-годишниот Канаѓанец Ленс Строл потпиша повеќегодишен договор со тимот на Форс Индија, преземајќи го местото на Естебан Окон како партнер на Мексиканецот Серхио Перез за 2019 година.
Таткото на Ленс, милијардерот Лоренс…
Досегашниот возач на Вилијамс, 19-годишниот Канаѓанец Ленс Строл, потпиша повеќегодишен договор со тимот на Форс Индија преземајќи го местото на Естебан Окон како партнер на Мексиканецот Серхио Перез за 2019 година.
Таткото на Ленс, милијардерот Лоренс Строл, беше дел од групацијата што го спаси тимот од пропаст во јули откупувајќи ги долговите на клубот и преименувајќи го во Рејсинг поинт форс Индија. По ова, беше јасно дека младиот Строл ќе добие место во тимот откако во сезоната што измина се мачеше со најслабиот болид во Ф1 во Вилијамс и во исто време и заминување на талентираниот Французин Окон, кој нема место за 2019.
Ленс Строл ја почна кариерата во Ф1 во 2017 во Вилијамс покрај ветеранот Фелипе Маса, а истата сезона стана најмладиот возач на Ф1-подиумот во Азербејџан, иако тоа остана негов единствен пласман на подиумот. Во 2018 тој освои шест поени, пет повеќе од коелгата Сергеј Сироткин.
Racing Point Force India is delighted to announce that @lance_stroll will join the team for 2019 to race alongside Sergio Perez. Lance has pledged his commitment to the team as part of a long-term deal.
Full story: https://t.co/5Op71I0Ndk pic.twitter.com/l91Yehg9Hk
— Racing Point Force India F1 (@ForceIndiaF1) November 30, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.