Спорт
Унгарија „спаси“ реми против Египет, Штрлек и Хрватска како на тренинг со Бахреин
Унгарија и Египет одиграа драматично 30:30 реми во претпоследното коло во групата Б на Светското првенство во Германија и Данска, резултат кој Унгарците ги носи во наредната фаза, а во исто време им дава на Египќаните надеж дека тие ќе се третиот патни…

Унгарија и Египет одиграа драматично, 30:30, реми во претпоследното коло во групата Б на Светското првенство во Германија и Данска, резултат кој Унгарците ги носи во наредната фаза, а во исто време им дава на Египќаните надеж дека тие ќе се третиот патник.
Во неверојатно израмнет меч, Египет во драматична завршница двапати беше предност од еден гол разлика, пред Унгарците да се вратат и со голот на Мате Лекаи во последните секунди да избегнат пораз, со кој ќе си ги загрозеа шансите за пласман бидејќи во последното коло играат со фаворитот Шведска. Лекаи заедно со Рихард Бодо беа најефикасни со пет постигнати голови, додека за „фараоните“, Зеинелбаедин постигна седум гола.

Во нашата група Б пак, Хрватска без мака со 32:20 го „разби“ Бахреин за да обезбеди пресметка со Шпанија во последното коло за првото место и пренесување поени во втората фаза. Селекцијата на Лино Червар и со пола сили беше доминантен против азискиот тим.
Човек на мечот беше Мануел Штрлек, откако постигна фантастични 11 голови, а по пет постигнаа Бичаниќ и Вида, додека кај Бахреин, Џалал беше најдобар стрелец со пет гола. Бахреин ќе брка „утешна“ победа против азискиот ривал Јапонија во последното коло.
Фото: ЕПА
СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 5.КОЛО
ГРУПА Б
Јапонија – Исланд 21:25 (12:13)
Хрватска – Бахреин 32:20 (19:9)
МАКЕДОНИЈА – Шпанија 20.30 ч.
Табела: 1.Хрватска 8, 2.Шпанија 6, 3.Исланд 4, 4.Македонија 4, 5.Јапонија 0, 6.Бахреин 0
Последно коло (утре): Бахреин-Јапонија 15.30, Македонија-Исланд 18.00, Хрватска-Шпанија 20.30
ГРУПА Д
Ангола – Аргентина 26:33 (12:17)
Унгарија – Египет 30:30 (14:14)
Катар – Шведска 20.30 ч.
Табела: 1.Шведска 6, 2.Унгарија 6, 3.Аргентина 3, 4.Египет 3, 5.Катар 2, 6.Ангола 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

