Спорт
Фабрегас го комплетира трансферот во Монако
Цеск Фабрегас го комплетираше трансферот од Челси во Монако, каде што ќе се обедини со Тјери Анри, со кого играше заедно во Арсенал од 2003 до 2007 година.
Фабрегас се согласи за договор од три и пол години со клубот од малото кнежевство откако ги поми…

Сеск Фабрегас го комплетира трансферот од Челси во Монако, каде што ќе се обедини со Тјери Анри, со кого играше заедно во Арсенал од 2003 до 2007 година.
Фабрегас се согласи за договор од три и пол години со клубот од малото кнежевство откако ги помина медицинските тестови и може да дебитира веќе во неделното гостување кај Марсеј во Лига 1.
31-годишниот Фабрегас го следеше својот колега Анри заминувајќи од Арсенал во Барселона пред да се врати во англискиот фудбал со Челси во 2014 година по што освои две титули од Премиер лигата. Тој веќе се прости со навивачите на Челси во саботниот 2:0 триумф во ФА-купот против Нотингем форест во меч во кој утна пенал.
Шпанецот во Монако го очекува тежок предизвик да го врати шампионот од 2017 година на вистинските патеки откако тимот победи само двапати во последните девет лигашки натпревари и се наоѓа во зоната за испаѓање со пет поени помалку од безбедната зона.
Annonce Fabregas pic.twitter.com/JW2TWJJqBr
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) January 11, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

