Спорт
Федерер сега има 14 победи во низа во 2018
Роџер Федерер во понеделникот ја продолжи својата победничка низа на 14 меча, откако со 6:2/6:1 го „збриша“ српскиот светски тенисер број 28., Филип Краиновиќ на Мастерсот во Индијан Велс.
Откако му дозволи ран брејк на противникот за израмнување на 2:…


Роџер Федерер во понеделникот ја продолжи својата победничка низа на 14 меча, откако со 6:2/6:1 го „збриша“ српскиот светски тенисер број 28., Филип Краиновиќ на Мастерсот во Индијан Велс.
Откако му дозволи ран брејк на противникот за израмнување на 2:2, актуелниот шампион од турнирот во пустината, влезе во ритам и во еден момент освои 17 поени во низа за да поведе со 6:2/3:0.
Следен за Федерер на патот до рекордната шеста титула во Индијан Велс е Французинот Жереми Шарди. Федерер оди на третата титула оваа сезона по Австралија опен и Ротердам опен, 98. во кариерата и 28. Мастерс 1000 титула.
Но, покрај ова, бидејќи има 1.000 поени за бранење на АТП-листата, Швајцарецот исто така треба да стигне до полуфиналето за да остане на првото место, бидејќи во спротивност Рафаел Надал ќе се врати на врвот, бидејќи тој ќе загуби само 90 поени за поразот во четвртото коло лани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пад на гледаноста на натпреварите во Премиер лигата

Две години по ред, Премиер лигата ги рушеше рекордите на гледаност, но тој тренд не продолжи во сезоната која заврши пред еден месец.
Англиските медиуми наведуваат дека главната причина е фактот што немаше неизвесност во борбата за титулата.
Ливерпул го обезбеди првото место во трката со Арсенал прерано, веќе во април. Поранешниот четирикратен шампион по ред Манчестер сити исто така брзо испадна од трката.
Дел од вината оди и кај трите најслаби тимови во лигата: Лестер, Ипсвич и Саутемптон, тие се откажаа прерано, па трката за опстанок беше неинтересна.
Најинтересно беше во борбата за Лигата на шампионите, но не доволно за да се зголеми гледаноста.
Спорт
Тебас: Клупскиот Мундијал е тотален апсурд

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги повика челниците на ФИФА да го откажат Светското клупско првенство пред 18 месеци, верувајќи дека „светското фудбалско тело воспостави монопол врз календарот на натпревари со тоа што ги привилегира сопствените натпреварувања“.
Покрај Тебас, многумина се пожалија на густиот распоред, со оглед на тоа што Светското првенство според новиот систем, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, започнува 15 дена по завршувањето на Лигата на шампионите и ќе се одржи истовремено со Европското младинско првенство.
Тебас не се предомисли и неколку дена пред почетокот на Светското првенство, го нарече ова натпреварување „тотален апсурд“.
Овој пат тој ја нападна ФИФА, бранејќи двајца претставници од неговата лига, Реал и Атлетико, кои ја претставуваат Шпанија на турнирот со 32 клуба.
„Веќе има контроверзии околу тоа кога Реал и Атлетико ќе го започнат првенството, што го нарушува нашиот вообичаен распоред и е штетно и за нас на среден рок. И одлуката дали овие два клуба ќе го започнат првенството подоцна за да се одморат не е само моја, туку ќе ја донесеме навреме кога ќе видиме како стојат работите“, рече Тебас во интервју за радио „Кадена Копе“.
Според планот и програмата, Ла Лига во сезоната 2025/26 треба да започне на 17 август.
Потоа се пожали на нешто друго:
„Организаторите на турнирот во ниту еден момент не се консултираа со нас, не само за датумите, ништо не не прашаа… Она што го прават е многу штетно за шпанското првенство, ако големи клубови како Реал Мадрид и Атлетико не можат да играат на првиот ден од Ла Лига. Тоа е апсурдно“, заклучи првиот човек на Ла Лига.
Спорт
Томас Франк го презеде Тотенхем

Томас Франк официјално го презеде Тотенхем. На клупата го наследи Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го водеше тимот до трофејот во Лига Европа и место во Лигата на шампионите.
Катастрофалниот пласман во Премиер лигата (17-то место) пресуди Австралијанецот со грчко потекло, да добие отказ, а на негово место да дојде Данецот кој го водеше Брентфорд во претходните седум сезони.
Франк има 52 години, ги водеше јуниорските тимови на Данска, беше тренер на Брондби три години пред да се пресели во Англија.
Со Брентфорд, тој освои место во Премиер лигата во 2021 година, и успеа да го задржи клубот во првата лига четири сезони по ред.
Преселбата во Тотенхем е нов голем чекор во неговата кариера, а тој потпиша договор со клубот до 2028 година.
Тотенхем за тренерот на Брентфорд му плати обсштетување од 12 милиони евра.
Оваа сума го рангира Франк на петтото место на листата на највисоки надоместоци исплатени за фудбалски тренери.
Прв е Греам Потер, за кого Челзи му плати на Брајтон нешто повеќе од 25.000.000 евра во 2022 година. Истата сума ја плати Баерн за Јулијан Нагелсман од Лајпциг една година претходно.
Трет на оваа листа е некогашниот рекордер Андре Виљаш-Боаш со надомест од околу 15.000.000 евра, а повторно парите ги издвои Челзи, во 2011 година. И Баерн е два пати во топ 5, бидејќи минатото лето му плати на Барнли 12.000.000 евра за Винсент Компани.