Спорт
Хамилтон со рекордна 75. пол-позиција во Франција
Светскиот шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон обезбеди рекордна 75. пол-позиција во кариерата на враќањето на Формула 1 во Франција на патеката Пол Рикар пред својот колега Валтери Ботас.
Лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел во Ферари…

Светскиот шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон обезбеди рекордна 75. пол-позиција во кариерата на враќањето на Формула 1 во Франција на патеката Пол Рикар пред својот колега Валтери Ботас.
Лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел во Ферари ќе стартува како трет, пред двојката на Ред бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо. Ова е прво Француско ГП по една деценија и прва трка на патеката во Ла Кастелет во јужна Франција од далечната 1990 година.
Pole number 75, and his first in France!
All in all, a superb Saturday for @LewisHamilton ?#FrenchGP ?? #F1 pic.twitter.com/aLWHvJzCHl
— Formula 1 (@F1) June 23, 2018
Хамилтон, кој доминираше и на двете тренинг-сесии во петокот, и Ботас очигледно имаат голем бонус со подобрувањето на моторот на Мерцедес, откако на минатата трка Хамилтон го загуби водството во генерален пласман од Фетел за само еден поен по седум од 21 трка оваа сезона. Ова е трета пол-позиција за 33-годишниот Англичанец оваа сезона.
QUALIFYING, Q3 CLASSIFICATION: Hamilton’s 75th career pole, and his 3rd this season ? #FrenchGP ?? #F1 pic.twitter.com/aVpHG4i6y1
— Formula 1 (@F1) June 23, 2018
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навреден од понудата за новиот договор Бензема стапи во штрајк
Карим Бензема стапи во штрајк, навреден од понудата што ја добил од Ал-Итихад за продолжување на договорот.
Договорот на Бензема истекува на крајот од сезоната 2025/26. Тој заработува неверојатни 1,61 милион фунти неделно, или повеќе од 230.000 фунти дневно, објави „Дејли Мејл“.
Според пишувањата на француските медиуми, и 38-годишниот Бензема и клубот сакале да ја продолжат соработката. Сепак, откако клубот му ја презентирал понудата во четвртокот, напаѓачот бил толку лут што решил да не игра против Ал Фатех (2:2).
Бензема почнал да тренира одвоено од остатокот од составот бидејќи смета дека првата понуда за продолжување на договорот била „навредлива“.
Добитникот на „Златната топка“ во 2022 година наводно го обвинил клубот дека го принудил да „игра бесплатно“ на почетокот на неговиот договор, профитирајќи исклучиво од неговите права на имиџот.
Иако Бензема има одлична индивидуална сезона со осум гола на 14 настапи, неговиот Ал-Итихад е шести на табелата на саудиската професионална лига. Се смета дека францускиот напаѓач ги разгледува своите опции да го напушти клубот и да се врати во Европа.
Бензема моментално е третиот најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти. Лионел Меси заработува малку повеќе од него во Интер Мајами, 96,9 милиони фунти, додека двајцата се во сенка на Кристијано Роналдо, чија плата во Ал-Наср е неверојатни 194 милиони фунти годишно.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лига Европа: Црвена звезда против Лил, Динамо оди во Генк
Познати се двојките во плеј-офот, за пласман во озминафиналето, во Лига Европа. На хартија дербито ќе го одиграат Фенербахче и Нотингем Форест. Регионалните великани, Црвена звезда и Динамо Загреб, во оваа фаза за прптивници ги добија Лил, односно Генк.
Плеј-офот во Лига Европа ќе се игра на 19.февруари (први натпревари) и 26.февруари (реванши).
Плеј-оф двојки:

Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон, трката веднаш прекината
Трката на Светскиот куп во спуст во Кран-Монтана во петокот, една недела пред почетокот на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, беше откажана по неколку падови, вклучувајќи го и оној на американската ѕвезда Линдзи Вон, објавија организаторите.
„Жирито и организаторите одлучија да ја прекинат трката“, соопштија организаторите на Светскиот куп во алпско скијање.
Одлуката ја донесоа откако три од шестте натпреварувачки, кои стартуваа, завршија во заштитната ограда.
Вон ја изгуби рамнотежата на почетокот од патеката и заврши во заштитната мрежа. Една од фаворитките за медал на претстојните Олимписки игри успеа да се врати на скиите, но болката во левата нога беше сепак посилна. Покрај Вин, трката не ја завршија Австријката Нина Ортлиб и Норвежанката Марте Монсен.
Wishing Lindsey Vonn a speedy recovery following her crash in Crans-Montana ❤️ pic.twitter.com/hZ6PcPVvW3
— TNT Sports (@tntsports) January 30, 2026
Ортлиб успеа да се откаже, додека Норвежанката Монсен имаше помалку среќа. Држејќи се за коленото откако беше ослободена од мрежата, Монсен беше врзана за носила и однесена со крваво лице.
Швајцарката Корин Сутер, Американката Жаклин Вајлс и Французинката Роман Мирадоли стигнаа до целта.
Foto/ depositphotos

