Спорт
Целје го крена трофејот на „Струга 2018“
Словенечкиот Целје е победник на традицоналниот турнир во Струга, откако со 25:24 го совлада романскиот Констанца, предводен од поранешниот македонски селектор, Звонко Шундовски.
Третото место во Струга го освои францускиот Тулуз по победата над српски…


Словенечкиот Целје е победник на традицоналниот турнир во Струга, откако со 25:24 го совлада романскиот Констанца, предводен од поранешниот македонски селектор, Звонко Шундовски.
Третото место во Струга го освои францускиот Тулуз по победата над српскиот Железничар од 32:24, по што следуваат Алингсас, Бешкиташ и двата македонски клубови, Еурофарм Работник и домаќинот Струга. Алгинсас со 29:22 го победи Бешикташ, а Еурофарм со 33:26 Струга.
Во првата посета на Струга на 46-тото издание на ракометниот турнир, Целје на тренерот Бранко Тамше немаше ниту еден пораз и заслужено си одат дома со трофејот. Констанца имаше предност од 13:11 во првото полувреме, меѓутоа второто полувреме му припадна на словенечкиот тим за импресивна победа. Даниел Душебаев имаше четири гола за Целје, додека Зоран Николиќ беше најефикасен за Целје со шест погодоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мијатовиќ: Винисиус не заслужува да го носи дресот на Реал

Предраг Мијатовиќ, стрелецот на голот во 1995 година со кој Реал по 30 години пауза стана европски првак, жестоко го критикуваше Винисиус Жуниор. Актуелниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, рече дека Бразиелцот не заслужува да го носи дресот на Реал.
Реал во неделата, победи во Овиедо со 3:0. Два од трите гола Реал постигна во самиот финиш на мечот. Еден постигна Винисиус, но медиумите во Шпанија по мечот повеќе пишуваа за однесувањето на Бразилецот, отколку за она што го покажа на теренот.
„Некои работи не се менуваат. Сметам дека со однесувањето не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид. Се мотивира така што се расправа со сите. Тој е исклучителен фудбалер, но мора внимателно да процените дали вреди да се биде во клубот“, рече Мијатовиќ.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ништо од Димитриевски, Леванте го потпиша Мет Рајан

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски ги разгледува опциите да го смени клибот до крајот на преодниот рок. Валенсија, откако Георги Мамардашвили си замина во Ливерпул, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој е проектиран да биде прв голман.
Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул.
Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.
Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија, на барање на тренерот Карлос Корберан, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао. По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.
Пред пет дена шпанските медиуми објавија дека Димитиревски е блиску до договор со Леванте, но по се изгледа трансферот нема да се случи.
Претпалднево, Леванте повтрдија дека потпишале договор со искусниот австралиски голман Мет Рајан (33). Тој потпиша како слободен агент (година плус година), откако му истече договорот со Ленс.
Шпанските медиуми, пред три недели, пишуваа дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Евертон плати 40 милиони евра за Диблинг

Поранешниот фудбалер на Саутемптон, 19-годишниот Тајлер Диблинг, ќе ја продолжи кариерата во синиот дрес на Евертон.
Клубот од Ливерпул потпиша четиригодишен договор со талентираниот фудбалер, а „Светците“ ќе добијат 35 милиони фунти (околу 40,5 милиони евра) како обештетување, евентуално уште пет милиони во бонуси, што е вкупно 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).
Диблинг дебитираше за Саутемптон кога имаше само 17 години, а во Евертон ќе го носи дресот со број 20.
Диблинг е осмото засилување за тимот на Дејвид Мојес ова лето.
Пред него пристигнаа Џек Грилиш (позајмен од Манчестер сити), Карлос Алкараз (Фламенго), Тиерно Бери (Виљареал), Марк Траверс (Борнмут), Адам Азну (Баерн), Кирнан Дјусбери-Хол (Челзи) и Том Кинг (Вулверхемптон).
Во второто коло од Премиер лигата, Евертон за прв пат играше на новиот стадион „Хил Дикинсон“ и го победи Брајтон со 2:0.
Foto/ Everton FC