Спорт
Шкупи и Ренова елиминирани во Купот на Македонија
Додека повеќето фаворити немаа проблем да го минат првото коло од Купот на Македонија, прволигашите Шкупи и Ренова доживеаја шокантни порази од второлигаши.
Шкупи загуби со 2:0 на гостувањето во Пехчево кај Кит-Го, додека Ренова имаше мака на гостување…


Додека повеќето фаворити немаа проблем да го минат првото коло од Купот на Македонија, прволигашите Шкупи и Ренова доживеаја шокантни порази од второлигаши.
Шкупи загуби со 2:0 на гостувањето во Пехчево кај Кит-Го, а Ренова имаше мака на гостувањето во Кавадарци, каде што Тиквеш ја елиминира со 2:1.
Вардар немаше мака на гостувањето кај имењакот Вардар од Форино победувајќи со 0:4, Силекс со 7:0 го победи Влазними, а Брегалница со високи 8:0 славеше кај нисколигашот Поешево.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/32 ФИНАЛЕ
Влазними – Силекс 0:7
Кораб – Борец 1:0
Фортуна Скопје – Работнички 0:6
Кит-Го Пехчево – Шкупи 2:0
Лабуништа – Академија Пандев 1:3
Неготино – Скопје 1:3
Осогово – Пелистер 0:1
Поешево – Брегалница 0:8
Превалец – Македонија ЃП 0:2
Тетекс – Гостивар 1:1, пенали 3:4
Тиквеш – Ренова 2:1
Вардар Форино – Вардар 0:4
Влазерими – Беласица 0:4
Фото: ФК Шкупи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Фудбалерот на Аталанта, Матео Ратеги, нема да може да и помогне на италијанската репрезентација на претстојниот двомеч за опстанок во елитната дивизија од Лигата на нации против репрезентацијата на Германија.
Фудбалската федерација на земјата објави дека 25-годишниот напаѓач има проблем со повреда на ногата и поради тоа морал да го напушти тренинг-кампот на „азурите“.
„Матео повеќе не е во составот на италијанската репрезентација. Во средата лекарските прегледи покажаа дека има проблем со мускулот. Поради тоа нема да биде во тимот за мечевите против Германија“, соопшти националната федерација.
Отсуството на Ретеги претставува сериозен удар за селекторот Лучано Спалети. Ретеги е во актуелната сезона постигна 22 гола на 27 натпревари и е најдобар стрелец во Серија А.
Репрезентацијата на Италија во среда на 20 март на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе го одигра првиот натпревар против Германија, а реваншот ќе биде в недела на во Дортмунд.
Спорт
Ристовски и Ќамили оптпаднаа поради повреди, Милевски го повика Тошевски
Извор/ ffm.mk
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери.
Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на националниот тим за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.
Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.
Македонија на 22.март гостува во Лихтенштајн, а четири дена подоцна ќе го пречека Велс.
Спорт
„Кралевите“ повторно без Сабонис

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Домантас Сабонис ќе отсуствува најмалку 10 дена поради повреда на зглобот на десната нога, соопшти франшизата.
Сабонис се повреди во вторникот на натпреварот против Мемфис (132:122).
Литванскиот кошаркар минатата недела се врати во тимот на Сакраменто откако пропушти шест натпревари поради повреда на тетивата.
Сабонис во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата има просек од 19,2 поени, 13,9 скока и 6,2 асистенции по натпревар. Литванецот е најдобар скокач во НБА лигата.
Сакраменто е на деветтото место во Западната конференција на НБА со 34 победи и 33 порази.