Спорт
Ѓоковиќ го „здроби“ Димитров во најдобриот меч по кам-бекот
Поранешниот светски рекет број 1 и финалист од Квинс Клаб од 2008, Новак Ѓоковиќ, конечно, имаше импресивен меч во својот кам-бек по повредите, „нокаутирајќи“ го вториот носител на елитниот турнир во Лондон, Григор Димитров со 6:4/6:1 за само 65 минути…


Поранешниот светски рекет број 1 и финалист од Квинс Клаб од 2008, Новак Ѓоковиќ, конечно, имаше импресивен меч во својот кам-бек по повредите, „нокаутирајќи“ го вториот носител на елитниот турнир во Лондон, Григор Димитров со 6:4/6:1 за само 65 минути.
Ова е трето четврт-финале во низа за Србинот по Рим и Ролан Гарос и 16-та победа оваа сезона. Ѓоковиќ ја контролираше играта на сервис и на ретурн во првиот настап на Квинс Клаб од 2010 година, губејќи само 12 поени на свој сервис и правејќи три брејк-топки за да обезбеди дуел против еден од Французите, Адријан Манарино или Жулиен Бенето.
Ова беше осма пресметка на Ѓоковиќ со Димитров и седма победа за Новак, а во исто време и прва победа над топ 10 тенисер од минатиот мај.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Баер лесно со Кил, Мајнц преку Берлин до котата 5

Актуелниот шампион во Германија, Баер Леверкузен ја оправда фавористаката улога, победи во 23.коло против последнопласираниот Кил. Триумф забележа и Мајнц, кој игра одличан сезона и се наоѓа на петтото место на табелата. Аугсбург победи во Меххенгладбах, а Бохум освои бод во Волфсбург.
Баер Леверкузен славеше победа од 2:0 на гостински терен против најслабиот тим во лигата, Холштајн Кил.
Првиот гол го постигна Патрик Шик, а победата ја потврди Адли.
Мајнц продолжува со фантастични резултати. По победата од 2:0 над Сент Паули, тие се искачија на петтото место.
Бохум од 50. минута имаше предност кај Волфсбург со голот на Машовиќ. Волфсбург избегна пораз со голот на Матијас Сванберг кој ја затресе мрежата во 81. минута.
Аугсбург со хет-трикот на Морис постигнат во вториот дел победи во Менхенгладбах со 3:0. Борусија од 28.минута играше со фудбалер помалку.
Спорт
Вардар победи во Струга

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Вардар победи во Струга во првиот натпревар од 20.коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа над актуелниот шампион Струга ТЛ со 2:0.
Вардар, со победата во Струга, избега од опасната зона, по некомплетното 20.коло, најтрофејниот македонски клуб се наоѓа на деветтото место со 16 поени. Струга и по оваа рунда ќе остане на петтата позиција.
Црвено-црните натпреварот во Струга го решија со два гола во втората половина од вториот дел. Закариќ во 68.минута го постигна првиот, а Мато во 82.минута го постави конечниот резултат.
Табела:
Спорт
(Видео) ВАР го спаси Јунајтед од пораз кај Евертон

Евертон и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 2:2 во 26. коло од Премиер лигата.
Гостите и на овој натпревар беа на работ од бездната, скршени, безидејни, без енергија и без шут кон голот 70.минути.
Еветон белскаше во првиот дел со два гола, преку Бето во 19. и Докуре во 33.минута.
На Евертон му требаше уште еден гол за да ја турне во бездната екипата на Рубен Аморим, но овојпат Манчестер успеа да се извлече.
Дваесет минути убав фудбал, дваесет минути енергија, желба и труд им беа доволни на гостите да го израмнат резултатот. Изедначи Фернандеш во 72.минута од слободен удар, а од пораз Јунајтед го спаси Угарте во 80.минута.
Среќата на „црвените ѓаволи“ им беше наклонета во 93.минута, кога судијата Енди Медли ја смени својата одлука и и го поништи пеналот што го дисуди за Евертон.