Спорт
Ѓоковиќ со ексклузивна изјава за „Макфакс“: Уште од почетокот на финалето ќе го дадам максимумот
Пред неделното финале на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ одговори и на прашањето на известувачот на „Макфакс“ од Вимблдон, кој го праша дали во моментов може да визуализира што го очекува против Алкарас? Алкарас по завршување на мечот со Медведев изјави дека недела е ден за играње тенис, и дека не се плаши од никого. Исто така, и вимбдонската публиката јасно се стави на негова страна, буквално носејќи го по теренот во последниот поен со извиците „Оле, оле!“.
– Можам без проблеми да визуализирам што ме очекува, и тоа ќе го направам. Ќе се подготвам и ментално и играчки и физички за голема борба. Тоа ќе биде дефинитивно најтежок меч на овој турнир. Најзахтевен меч, бидејќи тој е во извонредна форма. Број еден и број два на светот играат еден против друг . Го имавме тој висок квалитет на тенис и тежок меч во Париз. Знаеме како тоа се заврши. Јас ќе се потрудам уште од почетокот на мечот да бидам на својот максимум и, практично, да дадам сè што имам, и што ми останало во резервоарот. Ако не дадеш сè од себе во финалето на Вимблдон, не знам кога ќе дадеш, изјави Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Спорт
Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА Купот, а како што денеска објави „Скај Спортс“, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА Купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.
Спорт
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
Тони Надал, поранешниот тренер на Рафаел Надал, крена голема прашина со изјави за трката за најдобриот тенисер на сите времиња. Најчесто вујкото на Надал ги омаловажува успесите на Новак Ѓоковиќ.
Искусниот стручњак, кој ја прекина соработката со Надал во 2017 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ постигнал се што имал, пред се затоа што за разлика од неговите ривали „не живее нормален живот“.
„Мислам дека Новак Ѓоковиќ беше мотивиран од желбата да напише приказна, да стане најдобар играч во историјата, додека Рафа, од друга страна, секогаш живеел сосема нормален живот. Рафа игра тенис, но живее нормално, јаде, игра фудбал и се занимава со други активности Се сеќавам на еден тренинг кога неговиот менаџер ни кажа дека Рафа не е професионален, а мојот одговор беше дека не ни сакам да биде, туку дека е доволно што дава се од себе кога е на теренот и дека во слободното време може да живее како и секој друг маж“, вели Тони.
Според него, Новак бил далеку повеќе фокусиран на деталите, поради што толку долго е во самиот врв на светскиот тенис.
„За разлика од Рафа, Новак е многу внимателен што јаде, како го поминува слободното време и има сосема поинаква визија од Рафа и Роџер. На крајот, сите тројца сакаа да бидат најдобри досега, а најважното нешто во тоа приказната беше колку се спремни да се жртвуваат“, заклучи искусниот тренер.