Спорт
Јокиќ одбива да потпише супермакс со Денвер, причината се 80 милиони долари
Никола Јокиќ (30) од вчера може да потпише нов луксузен договор со Денвер Нагетс, попознат како „супермакс“. Јокиќ сè уште има уште три години од договорот со Денвер, но од вторник му беше дозволено да потпише нов тригодишен договор ова лето вреден околу 212 милиони долари. Ова би значело дека би заработувал во просек околу 70 милиони долари по сезона.
Американските медиуми објавуваат дека Јокиќ одбил да потпише продолжување на договорот ова лето, иако тоа се сметало за формалност. Најавата на Јокиќ до Нагетс дека нема да го продолжи договорот со нив не значи дека го напушта клубот, туку врши притисок врз раководството на Денвер.
Ако потпише следното лето, ќе заработи 80 милиони долари повеќе.
Имено, постои опција Јокиќ да потпише „супермакс“ договор следното лето, кој потоа би траел четири години, а Јокиќ би заработил 293,4 милиони долари во тој период, со околу 81 милион долари во последната година од договорот.
Затоа е јасно дека одлуката на Јокиќ да не го продолжи договорот со Денвер ова лето е финансиски мотивирана, бидејќи ако го стори тоа следното лето, ќе заработи дури 80 милиони долари повеќе. Фактот дека Јокиќ го одложува потпишувањето со клубот чиј симбол е дури и една година, остава отворена опција дека нема да го стори тоа следното лето ако раководството на Денвер не направи сè што е потребно за повторно да го направи Денвер конкурентен за титулата, пренесуваат светските агенции.
Неодамна се појавија шпекулации дека Јокиќ би можел да го промени клубот по десет години во Колорадо, бидејќи Џош Кронке, сопственикот на франшизата, даде изјава во која наговести дека тоа е можно.
Сепак, Денвер го засили тимот со Брус Браун и Кам Џонсон во последните денови, а се очекува да дојде и Јонас Валанчиунас. Ова се потезите на кои инсистираше Јокиќ за Нагетсите повторно да се борат за прстенот, до што српскиот феномен ги доведе пред две години.
Сега е ред на Денвер. Се очекува дека ќе направи сè за да го задржи играчот кој е со клубот откако дојде во НБА во 2015 година и кој во последните пет години три пати беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната, додека во шампионската сезона на Денвер беше и МВП на финалната серија.
Јокиќ е на третото место меѓу играчите со најмногу трипл-дабл во историјата на најсилната лига и е единствениот играч кој постигна 30 поени и 20 скока и асистенции во еден натпревар од НБА. Јокиќ ја заврши минатата сезона со просек од трипл-дабл од 29,6 поени, 12,7 скока и 10,2 асистенции по натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

