Спорт
Ванкувер: резултати од тринаесетиот ден

Карлинг натпревар за трето место (жени): Кина освои бронза откако ја победи Швајцарија со резултат 12:6.
Карлинг натпревар за трето место (жени): Кина освои бронза откако ја победи Швајцарија со резултат 12:6.Биатлон 4 пати по 7.5 километри штафета (мажи): Штафетата на Норвешка освои злато со време од 1.21.38 пред штафетата на Австрија која освои сребро а штафетата на Русија освои бронза. Хокеј на мраз плеј оф за полуфинале 1 (мажи): САД- Финска 6:1 Хокеј на мраз плеј од за полуфинале 2(мажи): Канада- Словачка 3:2 Слалом (жени): Марија Рајш од Германија освои злато во женскиот слалом со време од 1.42.89 пред Марлес Шилд од Австрија а Шарка Зарховска од Чешка освои бронза. Сноуборд паралелен веле слалом (жени): Николинен Саубреиј од Холандија освои злато пред Екатерина Елукхина од Русија а Марион Крејнер од Австрија освои бронза. Карлинг (жени): Шведска во финалето ја елиминираше Канада и го освои златото со резултат 7:6. Брзо лизгање на 5000 метри (мажи): Чарлс Хамелин од Канада освои злато со време од 42.12, пред Си Бак Сунг од Јужна Кореја кој освои сребро а Франсоа Луис Тремблеј од Kанада освои бронза. Брзо лизгање на 1000 метри (жени): Менг Ванк од Кина освои злато со време од 1.31 пред Кетрин Рутер од САД а бронзен медал освои Хи Сунг Парк од Јужна Кореја. Брзо лизгање штафета на 5000 метри (мажи): Штафетата на Велика Британија со време од 6.50 освои злато пред штафетата на Јужна Кореја а штафетата на САД освои бронза. /крај/ванк/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство.
Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува.
Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб.
Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, бидејќи планирале Тадиќ да го имаат во тимот за двомечот со Лех Познањ, во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Финансиската понуда е добра, како и улогата во тимот, но Тадиќ одлучил дека нема потреба да игра за Звезда во кариерата.
Можно е Тадиќ да замине во Саудиска Арабија.
Спорт
Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.
Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.
Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.
Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.
„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.
Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.