Спорт
Ајакс со долг од 25 милиони евра но, нема да продава играчи
Најпознатиот холандски клуб Ајакс се очекува до крајот на сезоната да го зголеми својот долг на 25 милиони евра, но оттаму уверуваат дека нема да продаваат играчи.
Најпознатиот холандски клуб Ајакс се очекува до крајот на сезоната да го зголеми својот долг на 25 милиони евра, но оттаму уверуваат дека нема да продаваат играчи.
Финансискиот директор на Ајакс, Јероен Слоп вели ека клубот нема потреба да продава играчи и може да си дозволи да одбие понуда од 15 милиони евра за играч како Луис Суарес.
Уругвајскиот напаѓач го поврзуваа со можни трансфери во англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Челзи.
Финансиските проблеми во Ајакс значи дека нема да им бидат зголемени платите на фудбалерите иако Урби Емануелсон бараше зголемување за да остане во тимот./крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот
Репрезентацијата на Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот. Во финалето Италија ја победи Холандија.
Победата на Италија и ја донесоа во сингл Матео Беретини и Јаник Синер. Двајцата славеа над Ван Знсхлуп односно Грикспор без загубен сет.
Синер стана првиот играч во историјата на тенисот кој во иуста сезона покрај Дејвис купот, освоил најмалку два Гренд слема и завршниот Мастерс.
Годината ја заврши со 73 победи и шест порази и е првиот играч од 1993 година кој успеал да ги освои завршниот Мастерс и Дејвис купот во иста сезона.
Покрај Австралија опен, Ју-ес опен, завршниот Мастерсот во Торино и Дејвис купот, тој ги освои и Ротердам, Мајами, Хале, Синсинати и Шангај, а годината ја заврши на првото место со дури 3.915 бодови повеќе од првиот вицешампион Саша Зверев.
23-годишниот Италијанец стана вториот играч во историјата на тенисот, а прв по Роџер Федерер во 2005 година, кој успеа да ја заврши сезоната без ниту еден пораз во меч одигран во два добиени сета.
На секој одигран меч во 2024 година освои барем по еден сет, а ги имаше 79, што никогаш не успеаја ниту на Новак Ѓоковиќ ниту на Рафаел Надал.
Спорт
Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија
Фото/ fiba.basketball
Минимални се шансите на Македоноја да избори пласман на Европскот првенство во кошарка. Вечерва македонските кошаркари, во Клаипеда доживеаја пораз во Литванија 94:72.
Литванската публика сведочеше на симултанката на Ненад Димитријевиќ. Додека беше на теренот нашиот тим имаше активен резултата. Кога тој се повреди играта на репрезентацијата се распадна и Литванците запишаа убелива победа.
Димитиријевиќ за нецели 30 минути, колку што мина на теренот, постигна 43 поени (28 од нив постигна во првиот дел), на кои придодаде четири скока и шест асистенции.
Со Димитирјевиќ на теренот Македонија на полувреме имаше предност 43.46, а решавачкиот период Литванија го започна со 64:62. Димитријевиќ се повреди кога Литванците имаа 75:67.
Nenad Dimitrijevic suffers an injury and is carried off during the game against Lithuania 🤕 #EuroBasket pic.twitter.com/kzxrI0qc4b
— BasketNews (@BasketNews_com) November 24, 2024
Со третиот пораз во четвртиот натпревар, Македонија на минимум ги сведе шансите за пласман на ЕП. До крајот на квалификацискиот циклус, Македонија во февруари наредната година ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Полска.
NENAD DIMITRIJEVIC WITH 28 PTS AT HALF-TIME 🇲🇰#EUROBASKET X #MAKEYOURMARK pic.twitter.com/TFrfMrO7b6
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) November 24, 2024
Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи кај последнопласираниот Саутемптон
Ливерпул ја зголеми предноста на челната позиција на табелата во англиската Премиер лигата, откако на „мукскули“ го победи последно пласираниот Саутемптон. Во 12. коло, на „Сент Мери“ Ливерпул победи со 3.2. Со овој триумф, 10. во сезоната, Ливерпул ја зголеми предноста на табелата во односн на Манчестер сити на осум бода, а девет чекори зад „црвените“ се Челси, Арсенал и Брајтон.
Исклучитено интересен натпревар со два пресврти одиграа Саутемптон и Ливерпул. На крајот пресудија аматерските грешки на домашните фудбалери. Голманот Мкарти му подри гол на Салах за 2:2 во 65.минута, а во 83. минута Јапонецот Сугивара го честеше Ливерпул со пенал од кој Салах го постави конечниот резултат.
Претходно Собослај во 30.минута им донесе предност ан „црвените“, а изедначи Амстронг во 42.минута откако промаши пенал. Предноста на Саутмептон му донесе Фернандес во 56.минута.