Спорт
Атанас Николовски најбрз кајакар на слаломот „ИКАС“

Атанас Николовски од кајакарскиот клуб „Илинден 90“ од Скопје е победник во 42-от илинденски кајак слалом “ИКАС“ за 2010 година во дисциплината К1.
Атанас Николовски од кајакарскиот клуб „Илинден 90“ од Скопје е победник во 42-от илинденски кајак слалом “ИКАС“ за 2010 година во дисциплината К1.
Николовски оствари најдобро време од 99:27 пред Динко Мулиќ од Хрватска кој имаше време од 104.22.
Третото место го освои Огнен Бразански исто така од КК „Илинден 90“ со остварено време од 107.58.
Кај дамите во истата дисциплина најдобро време оствари Кристина Петровиќ од КК „Гусар“ од Србија, со 239.59 пред Емилија Цветковиќ исто така од „Гусар“ а трета беше Милица Вукомановиќ од КК „Кула“ Србија.
Во категоријата кајак за мажи едносед првото место го освои Матија Варниќ од Хрватска со време од 104.83 пред, Роберт Папазов од КК „Вила Зора“ од Велес а трет беше Стефан Милиќевиќ од Србија./крај/со/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.
Спорт
Хаотична трка во Мелбурн – Норис победи пред Ферстапен и Расел

Возачот на Мекларен, Ландо Норис славеше на трката за ГН на Австралија, со која започна овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Британецот го постигна петтиот триумф во кариерата на патеката Алберт Парк, со девет десетинки предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостануваше седум и пол секунди.
Првата трка сезонава беше одбележана со променливи услови, бројни инциденти, одложен старт (Исак Хаџир се изврте и удри во заштитната ограда во загревачкиот круг) и три периоди на безбедносното возило.
Додека Норис беше победник на денот, најголем губитник беше неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој беше на пат кон подиумот кој направи грешка кога почна дождот.
Норис во Мелбурн ја забележа една од најважните победи во кариерата, по одличното возење во исклучително тешки услови. Во поголемиот дел од трката Пиастр беше тој што го притискаше, а таа улога во финишот ја презеде Ферстапен, но британскиот возач успеа да се справи со притисокот. На овој начин, тој му го донесе првиот триумф на Мекларен на отворањето на сезоната по 2012 година, кога Џенсон Батон славеше на Алберт Парк.
Одлична трка имаше и Ферстапен, во моментите кога дождот пристигнуваше во финишот, неговите ривали погрешија, а тој остана присебен и со тоа имаше можност да се бори за триумф. Расел возеше прилично осамена трка, но благодарение на грешката на Пјастри, стигна до место на подиумот, пред тимскиот колега на Андреа Кими Антонели и возачот на Вилијамс, Алекс Албон.
Младиот Италијанец дефинитивно е еден од хероите на денот, бидејќи стартуваше од 16.местово еден момент се изврте на патеката, а беше и казнет поради небезбедниот пит-стоп, со што се најде на петтото место, иако целта ја мина како четврти. Сепак, по трката, таа казна беше поништена, што значи дека Антонели своето деби го заврши на четвртото место.
Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон трката ја завршија на осмото односно десеттото место. Меѓу нив се пласира Пјастри.