Спорт
Барселона и Интер први полуфиналисти во Лигата на шампионите

Екипите на Барселона и на Интер се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако во синоќешните реванш натпревари забележаа победи над конкурентите.
Екипите на Барселона и на Интер се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако во синоќешните реванш натпревари забележаа победи над конкурентите. Во првиот меч, Интер во Москва со голот на Весли Снајдер успеа да ја победи домашната ЦСК со 1:0, така што со вкупен резултат од 2:0 во двата меча, заслужено оди понатаму. Во вториот меч беше многу поинтересно. Резултатот 2:2 од првиот натпревар во Лондон гарантираше интересен меч, особено откако во реваншот Арсенал прв поведе со 1:0. Тогаш на сцена стапи феноменалниот Лионел Меси, кој постигна четири погодоци и го одведе својот тим во полуфиналето. „Ова што го направив не е толку важно, играта на целиот тим е она што се смета“, скромно изјави по мечот 22. годишниот Аргентинец. Вечерва се играат вторите четвртфинални средби, кои треба да ги дадат и вторите полуфиналисти. Во нив се среќаваат Манчестер Јунајтед-Баерн и Лион-Бордо. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.
Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.
„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.
Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.
Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.
Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.
Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.
Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.
Foto/ EPA