Спорт
Џамал Крофорд е најдобра резерва во НБА лигата

Кошаркарот на Атланта Џамал Крофорд е прогласен за најдобар резервен играч во НБА лигата за изминатата сезона.
Кошаркарот на Атланта Џамал Крофорд е прогласен за најдобар резервен играч во НБА лигата за изминатата сезона.
Крофорд го победи ЏејсонТери од Далас кој пак е минатогодишен добитник на истата награда а трет во изворот беше Андерсон Вережао од Кливленд.
Џамал Крофорд оваа сезона имаше учинок во 18 коша од натпревар, а во просек поминуваше во 31 минута на паркетот.
Крофорд оваа сезона и помогна на Атланта да дојде до плеј оф натпреварувањето со 53 победи.
Триесегодишниот бек на Атланта претходно настапуваше за Чикаго, Њујорк и Голден Стејт./крај/блиц/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.
Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.
„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.
Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.
Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.
Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.
Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.
Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.
Foto/ EPA