Спорт
Заврши регатата „ПАМПУР“
Македонските едриличари ја завршија регатата „Пампур“ со авантура на отворено море, силен ветер и големи бранови.
Македонските едриличари ја завршија регатата „Пампур“ со авантура на отворено море, силен ветер и големи бранови.Првото место на вчерашната трка им припадна на екипажот Шарпланинци со скиперот Зоран Стојков од Тетово. Второто место го зема македонски скипер од Скопје кој сакаше да остане анонимен и заслугата ја препиша на својот екипаж Пирати. Пиратите беа први по првата трка, вчера се бореа за првото место во генерален пласман со Шарпланинци. Втората етапа на регатата Пампур се пловеше од островот Жут, па јужно по должината на Корнатите, со обртна точка на островот Опат, па повторно северно покрај Корнатите се до островот Лаврнака, каде што екипажите ќе ја поминат ноќта. Вчера се пловеше во многу нестабилни услови. На моменти ветерот надминуваше 35 јазли (65 километри на час). Југото (ветер од североисточен правец на Јадранот) кој почна да дува пред два дена, продолжи со зголемен интензитет. Југото е познато по засилување на брановите и екипажите имаа вистинска авантура особено кога етапата се пловеше на отворено море, западно од Корнатите. Екипажот на Карпа (Бојан Бошковски од Скопје), кои завршија трети по првиот ден, мораа да се откажат од трката поради скршен подигач на главното едро, додека екипата на Нинџи, (Игор Јарчевски, Скопје) во брановите ја загуби средишната кормиларска клупа, елемент витален за правилно управување со бродот. Нинџите, еден ден пред трката ја загубија елисата на бродот, а со тоа и моторната способност на пловилото, па беа приморани да менуваат брод на само неколку часа пред тркачкиот ден. Сепак Нинџите завршија шести.Параглајдеристите од клубот Вертиго кои петти пат учествуваат на ПАМПУР со екипажот на Вертиго Вејв и скиперот Влатко Милев, завршија трети на втората трка. По кинењето на јажето од главното едро на првиот ден Вертиго Вејв во генералниот пласман завршија седми. Силниот ветер и големите бранови му создадоа големи проблеми на екипажот на Вижн (Vision, Љупчо Николовски, Скопје) и Свордфиш (Бојан Миновски,Скопје) кои и по 2 часа по завршување на трката се уште беа на отворено море. „Ова можеби беа најсериозните услови на кои сум пловел“, изјави Николовски, „брановите беа преголеми за нашиот мал брод (38 фита, 10 метарска едрилица) моравме да пловиме со 30% од брзината за да стигнеме безбедно.“ Воедно Свордиш, затекнати во иста ситуација како и Вижн, мораа да се откажат од трката.„ПАМПУР по петти пат покажува сериозна организација,“ изјави Александар Пајков, претседател на регатата. „Бројката од 10 до 15 (македонски) брода на секоја трка го потврдува ова. Со денешните тешки услови скиперите имаа вистинска шанса да се докажат во знаењето, вештината и финесите во навигацијата . Целиме кон тоа ПАМПУР да стане официјална регата од отворен тип каде што резултатите ќе се бодуваат на светски ранг.“ /крај/макфакс/мг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

