Контакт

Спорт

Црвен картон за Ларионда и Росети

Објавено пред

Уругвајскиот судија Хорхе Ларионда и Италијанецот Роберто Росети, кои беа во центарот на вниманието во осминафиналните мечеви на светското првенство, добија црвен картон.

dobivaj vesti na viber

Уругвајскиот судија Хорхе Ларионда и Италијанецот Роберто Росети, кои беа во центарот на вниманието во осминафиналните мечеви на светското првенство, добија црвен картон.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи од списокот на судии за преостанатите мечеви на да ги отстрани двајцата судии.

Иако ФИФА не прецизираше зошто двајцата судии се отстранети, причината е нивните кардинални грешки во осминафиналето, за кои уште долго ќе се прераскажува.

Ларионда ја оштети репрезентацијата на Англија, кога на мечот против Германија не и призна очигледен погодок, додека Росети на Аргентина на мечот против Мексико и призна гол постигнат од чиста офсајд позиција.

На списокот судии ги нема ниту судијата од Мали кој не и призна погодок на селекцијата на САД на мечот против Словенија, ниту пак Французинот Лану, кој престрого го исклучи Кака на мечот против Брегот на Слоновата Коска. /крај/ап/

Спорт

Пет Рајли ќе добие статуа пред арената на Лејкерси

Објавено пред

Легендарниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, Пет Рајли, ќе добие статуа пред „Крипто Ком Арена“, поранешниот „Стејплс Центар“, од 22 февруари.

dobivaj vesti na viber

Лејкерс ќе му оддадат почит на Рајли во натпреварот против најголемиот ривал Бостон. Статуата на Рајли ќе стои до статуите на големите легенди на франшизата Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Коби Брајант.

Тој ги тренираше Лејкерс од 1981 до 1990 година, период наречен „шоутајм“ и освои четири титули.

Лејкерс со Пет Рајли победија 73 отсто од натпреварите, а тој победи на дури 102 натпревари како тренер во плејофот. Тој беше играч на Лејкерс од 1970 до 1975 година. Рајли ги тренираше и Никс и Мајами Хит. Тој ја освои титулата со Мајами во 2006 година, а сега е претседател на оваа франшиза.

Прикажи повеќе...

Спорт

Додека трае сагата со Исак, Њукасл го заврши трансферот на Виса

Објавено пред

Додека трае сагата со Александер Исак, Њукасл работи на трансферот на Јоан Виса од Брентфорд.

dobivaj vesti na viber

Александар Исак сака да си замине по секоја цена. Затоа не тренира со тимот и нема да биде во протоколот за натпреварот против Астон Вила на почетокот од Премиер лигата.

Првиот стрелец на тимот е голема желба на Ливерпул, но клубовите се далеку од постигнување договор.

Затоа Њукасл се сврте кон други решенија и се чини дека пронајдоа замена во Брентфорд. Јоан Виса наскоро треба да го засили тимот што ќе игра во Лигата на шампионите оваа година.

Виса доаѓа по одлична сезпна во Бранфорд. Репрезентативецот на Конго постигна 19 гола на 35 натпревари во сезоната 2024/25 и заедно со Мбеумо, кој се пресели во Манчестер јунајтед е најзаслужен за добрите резултати на Брентфорд.

Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена бидејќи Виса, како и Исак, по секоја цена сака да го смени клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Спектакуларен гол го елиминира Партизан од Конференциската лига, испадна и Хајдук

Објавено пред

Регионалните великани Партизан и Хајдук од Сплит не успеаја да ја минат третата рунда во квалификациите за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Партизан испадна од Хибернијан, а Хајдук од Динамо Тирана.

dobivaj vesti na viber

Двата тима испаднаа по продолженијата, откако во раната фаза на второто полувреме останаа со играч помалку.

Во Единбург, Партизан во 90.минути победи со 3:1, го изедначи резултатот во вкупниот скор со голот на Костиќ во 95.минута. Надежите на црно-белите ги урна Каден во 100.минута.

Мечот го обележа спектакуларниот гол на Боуви во 60.минута, кога во тој момент ја намали предноста на гостите на 1:2.

Хајдук во Тирана доживеа пораз од 3:1. Во регуларниот тек Динамо ја анулираше предноста од еден гол. Во 99.минута Хајдук изедначи, а потоа со играч помалку во две минути доживеа дебакл, во 109. и 111. минута за Тирана погодија Кардаку и Бериша.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет42 минути

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6:45 часот...

Свет2 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион3 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион3 часа

(Фото/Видео) Просториите на СНС во Нови Сад се целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија17 часа

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија17 часа

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија18 часа

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија18 часа

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет18 часа

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ19 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија19 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија20 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа22 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија24 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија1 ден

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија1 ден

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион1 ден

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа1 ден

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет1 ден

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...