Спорт
ФИФА го суспендираше Антиќ на четири меча
Дисциплинската комисија на ФИФА му изрече казна на српскиот селектор Радомир Антиќ со четири меча забрана да ја води репрезентацијата, пренесоа белградските гласила.
Дисциплинската комисија на ФИФА му изрече казна на српскиот селектор Радомир Антиќ со четири меча забрана да ја води репрезентацијата, пренесоа белградските гласила.
Антиќ е казнет поради непримерно однесување по поразот од Австралија со 2:1 на Светското првенство во Јужна Африка. За истиот престап српскиот селектор ќе треба да плати и 14.000 швајцарски франци.
Суспензијата ќе се однесува на наредните официјални натпревари на српската репрезентација.
Фудбалскиот сојуз на Србија изрази незадоволство со одлуката и најави жалба во рок од седум дена. /крај/фонет/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Трансферот на Дуран најскап во преодниот рок , Сити потроши најмногу, Порто најмногу заработи
Заврши зимскиот преоден рок во најсилните европски и други светски лиги. Најскапиот трансфер го направи Ал Наср од Саудиска Арабија, ајмногу потроши Манчестер сити, а најмногу заработи Порто.
Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ ја објави листата на Топ 30 најскапи трансфери оваа зима.
Најголемиот трансфер го направи Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, кој долго време е дом на светските ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане. Младиот Колумбиец Џон Дуран пристигна во клубот од Астон Вила за 77 милиони евра.
Меѓу осумте најскапи трансфери оваа зима, четири направи Манчестер сити, а во своите редови ги донесе Египќанецот Омар Мармуш (75 милиони евра), Шпанецот Нико Гонзалес (60), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов (40) и Бразилецот Витор Реис (37).
Најмногу заработи Порто, вкупно 110 милиони евра. Го продаде споменатиот Нико Гонзалес на Сити за 60, како и Бразилецот Галено на Ал Ахли за 50 милиони евра.
Во Топ 5 е и Чави Симонс. Тој е во Лајпциг од 2023 година, но досега играше како позајмен играч од Пари Сен Жермен. Овој јануари Германците дефинитивно го откупија неговиот договор за околу 50 милиони евра.
ПСЖ го продадоа со причина, бидејќи на тие 50 милиони додадоа уште 20 милиони и го доведоа одличниот грузиски репрезентативец Хвича Квараскелија од Наполи. Неговиот трансфер беше трет најскап оваа зима.
Интересна е и трансакцијата со германскиот второлигаш Нирнберг. Летово го доведе младиот Грк Стефанос Цимас на позајмица од Солун, за прво зимава да го откупи договорот од ПАОК за 18 милиони евра. Откако го откупија неговиот договор по неколку дена го продадоа на Брајтон за 25 милиони, со постигнат договор до крајот на сезоната да игра за Нирнберг во Цвајта.
Топ 30 трансфери во зимскиот преоден рок:
1. Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср) 77 милиони евра
2. Омар Мармуш (Ајнтрахт Франкфурт – Манчестер Сити) 75 милиони евра
3. Хвича Кварацхелија (Наполи – ПСЖ) 70 милиони евра
4. Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити) 60 милиони евра
5. Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг) 50 милиони евра
6. Галено (Порто – Ал Ахли) 50 милиони евра
7. Абдукодир Хусанов (Ленс – Манчестер Сити) 40 милиони евра
8. Витор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити) 37 милиони евра
9. Луис Хенрике (Ботафого – Зенит) 33 милиони евра
10. Сантијаго Хименез (Феенорд – Милан) 32 милиони евра
11. Патрик Доргу (Лече – Манчестер Јунајтед) 30 милиони евра
12. Ели Ваи (Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт) 26 милиони евра
13. Дониел Мален (Борусија Дортмунд – Астон Вила) 25 милиони евра
14. Стефанос Цимас (Нирнберг – Брајтон) 25 милиони евра
15. Џејден Филоген (Астон Вила – Ипсвич Таун) 23 милиони евра
16. Секо Фофана (Ал Наср – Рен) 20 милиони евра
17. Емануел Агбаду (Ремс – Вулверхемптон) 20 милиони евра
18. Клаудињо (Зенит – Ал Сад) 20 милиони евра
19. Амин Гуире (Рен – Олимпик Марсеј) 19 милиони евра
20. Стефанос Цимас (ПАОК – Нирнберг) 18 милиони евра
21. Паулињо (Атлетико Минеиро – Палмеирас) 18 милиони евра
22. Маршал Муњеци (Ремс – Вулверхемптон) 18 милиони евра
23. Антонин Кински (Славија П. – Тотенхем) 16,5 милиони евра
24. Кевин Денке (Серкл Бриж – Синсинати) 15,3 милиони евра
25. Максенс Какуер (Олимпик Лион – Комо) 15 милиони евра
26. Кристијан Медина (Бока Ј. – Естудијантес) 14,6 милиони евра
27. Роман Есе (Милвол – Кристал Палас) 14,2 милиони евра
28. Андреас Сков Олсен (Клуб Бриж – Волфсбург) 14 милиони евра
29. Брис Самба (Ленс – Рен) 14 милиони евра
30. Алберто Коста (Виторија – Јувентус) 13,8 милиони евра
Спорт
Ембид се врати со трипл-дабл и кош за победа, Леброн блескаше во триумфот над Клиперси
Џоел Ембид со трипл-дабл ја предводеше Филалделфија до победата над Далас 118:116. Во исто време, Лејкерси во градската пресметка ги декласираа Клиперси со 122:97.
Ембид се врати во тимот на Филаделфија, откако пропушти 15 натпревари. Го предводеше тимот со 29 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Најефикасен кај Фила беше Тајрис Макси со 33 поени, 4 скока и 13 асистенции, додека 19 поени, 8 скока и 4 асистенции имаше Гершон Јабуселе.
Кај Далас се истакна Кајри Ирвинг со 34 поени, 9 скока и 4 асистенции.
Во Лос Анџелес, Лука Дончиќ гледаше како неговите нови соиграчи ги растураат Клиперси. Леброн Џејмс беше главниот лик на натпреварот со 26 поени, девет асистенции и осум скока.
Леброн го следеа Остин Ривс и Руи Хачимура со 20 поени.
На другата страна Норман Пауел се истакна со 20 поени, но ѕвездите не блескаа. Џејмс Харден погоди два од 12 шута за седум поени, додека Кави Ленард имаше само 11 поени.
Резултати:
Филаделфија – Далас 118:116
Бруклин – Хјустон 99:97
Кливленд – Бостон 105:112
Торонто – Њујорк 115:121
Чикаго – Мајами 133:124
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 97:122
Портланд – Индијана 112:89
Спорт
(Видео) Танго Аргентино на „Метрополитано“ – Атлетикого декласира Хетафе
Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Кралски куп по убедливата победа над Хетафе. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во шпанската престолнина заврши со резултат 5:0 (3:0).
Прашањето околу конечниот победник „јорганџиите“ го решија во првото полувреме кога дојдоа до недостижни три гола предност.
Блескаше синот на тренерот Диего Симеоне, 22-годишниот Џулијано.
Најмладиот син Чоло ги постигна првите два гола во воведните 17 минути и најави убедлив триумф. Прво во осмата минута по комбинација со Хави Галан, а потоа во 17. по најубавата акција на натпреварот во која учествуваа тројца Аргентинци: Хулијан Алварез, Родриго Де Пол и стрелецот Џулијано Симеоне.
Третиот гол го постигна Бразилецот Самуел Лино во 42. минута.
Џулијано Симеоне можеше да постигне хет-трик, но неговиот гол беше поништен поради офсајд на почетокот на вториот дел.
Во останатиот дел од натпреварот, фудбалерите на Атлетико рутински си ја завршија работата, фокусирани на следниот натпревар, бидејќи викендов на „Бернабеу“ му гостуваат на градскиот ривал Реал.
Четвртиот гол го постигна уште еден Аргентинец, Анхел Кореа, од 20 метри со силен и прецизен удар во 78. минута, а конечниот резултат осум минути подоцна го постави Норвежанецот Александар Серлот на асистенција на Кореа.
Тоа беше првиот четвртфинален натпревар од Купот на кралот. Леганес и Реал Мадрид играат во среда, а за четврток се закажани два натпревари: Реал Сосиедад – Осасуна и Валенсија – Барселона.