Спорт
Националистички тензии пред тенис мечот Хрватска-Србија

И покрај тоа што тенисот важи за спорт, кој го следи мирна и културна публика, на Балканот и тоа е можност да се искажат националистички пароли кои повикуваат на егзекуција.
И покрај тоа што тенисот важи за спорт, кој го следи мирна и културна публика, на Балканот и тоа е можност да се искажат националистички пароли кои повикуваат на егзекуција.
Непосредно пред започнување на тридневниот двобој помеѓу Хрватска и Србија, кој се игра во Сплит во рамките Дејвис купот, истакнати се непримерни транспаренти.
Како што пренесува порталот Индекс Хр, на авенијата преку која се влегува во градот изутрината бил истакнат 30 метри долг транспарент на кој било испишано „Србите на врби“.
Веднаш под овој транспарент, истакнат е помал транспарент со зборовите „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се прости“.Непримерниот транспарент, кој се смета за вовед за жежок тениски викенд во Сплит, бил отстранет по еден час.
Според ждрепката, први денеска со почеток во 14 часот ќе играат Иван Љубичиќ и Новак Ѓоковиќ. /крај/индекс/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кимих во Баерн до јуни 2029 година

Џошуа Кимих потпиша нов договор со Баерн Минхен, што значи дека ќе остане во Баварија уште најмалку четири години.
Разоворите за продолжување на соработката меѓу актуелниот германски вицешампион и репрезентативецот се водеше жестока дебата со месеци, а во минатото и двете страни даваа алтернативни изјави за нејзиниот исход.
Фудбалерот, кој е член на Баерн од 2015 година, на новинарите по триумфот во Леверкузен (2-0, вкупни 5-0) и пласманот меѓу осумте најдобри тимови во Европа, изјави дека сагата дефинитивно има среќен крај.
„Новиот договор дефинитивно ќе дојде во следните неколку дена. Невозможно е да се фокусираме на тоа во последно време поради големиот број на натпревари“, изјави капитенот на Баерн.
Кимих во четвртокот го продолжи договорот до јуни 2029 година, што клубот предводен од Винсент Компани го потврди на социјалните мрежи.
Овој 30-годишен играч од Баден-Виртемберг одигра 429 натпревари за Баерн, постигна 43 гола и забележа 114 асистенции.
Спорт
(Видео) Атлетико се жалеше – УЕФА се огласи со соопштение за спорниот пенал

Ден по натпреварот и контроверзната победа на Реал на пенали над Атлетико, поразениот тим бара објаснување од УЕФА за одлуката на судијата да го поништи голот на Алварез во пенал рулетот.
Навистина тешко е да се утврди дали левата нога на Аргентинецот ја допре топката пред ударот, што, кога се во прашање пеналите, е недозволена акција, таканаречен „двоен контакт“. ВАР го кажа своето – Алварез ја допрел топката, а судијата Симон Марчинијак го поништи неговиот гол.
Победата му припадна на Реал Мадрид, но „горчливиот вкус“ остана кај љубителите на фудбалот и гневот кај навивачите на поразениот тим…
Атлетико не се помири со овој епилог, па цел ден е на „жешка линија“ со УЕФА, барајќи објаснување за спорната ситуација, која беше пресудна за исходот на натпреварот.
„Јорганџиите“ се убедени дека ниту еден агол од сите можни снимки од пеналот на Алварез не покажува дека Аргентинецот ја допирал топката со ногата на која се потпрел пред ударот.
На ниту една снимка не се гледа како топката се движи, што секако ќе се случеше доколку имаше контакт. Токму тоа е деталот што Атлетико го истакна во комуникацијата со УЕФА ден по натпреварот.
Во Атлетико, пишуваат понатаму Шпанците, речиси има гнев бидејќи ден подоцна се уште се убедени дека голот на Алварез е неправедно поништен. И по „малку повеќе од милион“ прегледи на видеото од спорната ситуација, се убедени дека се во право.
„Иако контактот е минимален, играчот имаше контакт со топката користејќи го стопалото пред да шутне кон голот со другата нога, како што се гледа на приложеното видео.
Според правилата (Закони на играта, правило 14.1), ВАР просторијата го повика судијата и му сигнализираше дека голот треба да биде поништен.
УЕФА ќе иницира разговори со ФИФА и ИФАБ за да се разгледа дали ова правило треба да се дополни и измени за да ги покрие случаите кога двојниот контакт со топката е ненамерен“, соопшти УЕФА.
¿Está bien anulado el penalti de Julián Álvarez?
𝗦𝗜.
Existe un toque mínimo y casi imperceptible que, de una forma muy leve, mueve el balón antes del golpeo del argentino.
Intervención dificilísima pero pluscuamperfecta de Tomasz Kwiatkowski desde el VAR. pic.twitter.com/z2OKtPVrry
— Archivo VAR (@ArchivoVAR) March 12, 2025
Aquí una mejor toma del polémico penal de Julián Álvarez.
Toca el balón dos veces??
pic.twitter.com/VAyoETd9lV— Antonio de Valdés (@adevaldes) March 13, 2025
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) March 13, 2025
Спорт
(Видео) Ист судија, ист прекршок – Марчинијак го призна голот на Меси, на Алварез го поништи

Додека ден по натпреварот меѓу Атлетико и Реал Мадрид се води жива дебата за тоа дали голот на Хулијан Алварез бил легален, многумина се сетија на слична ситуација која му се случи на неговиот сонародник Лео Меси.
Славниот Аргентинец постигна гол во пенал рулетот за време на финалето на Светското првенство во Катар против Франција, но исто како и Алварез синоќа против Реал, двапати ја допре топката.
Единствената разлика е во тоа што Меси прво ја шутна топката, па таа удри во другата нога и заврши во мрежата.
C’est bien, ça ne dérangeait personne quand Messi a fait la même action sur le penalty lors de la Coupe du Monde contre la France.
Bravo le Real Vardride. pic.twitter.com/yOZy1EZAij
— BetProno (@BetPronooo) March 12, 2025
Алварез прво ја допре топката со другата нога пред да го изведе ударот, но во двата случаи беше направен прекршок, голот на играчот на Атлетико беше поништен, додека на Меси не.
More footage of Julian Alvarez’s penalty.
You decide if it was a double touch.pic.twitter.com/zpHZwnpRT0
— Atletico Universe (@atletiuniverse) March 13, 2025
Она што е всушност најинтересно во оваа приказна е дека судијата и во двата случаи бил Полјакот Симон Марчинијак.
Но, во 2022 година во финалето, Полјакот не доби сигнал од ВАР собата да ја погледне спорната ситуација, па останува прашањето дали воопшто го виделе или не сакале да го видат тој детал.