Спорт
Новицки уште четири години во Далас

Далас Маверикс ја известија јавноста дека Дирк Новицки ќе остане во клубот и наредните четири години.
Далас Маверикс ја известија јавноста дека Дирк Новицки ќе остане во клубот и наредните четири години. Не се објавени детали од договорот, но се дознава дека тој тежи повеќе од 80 милиони $, со клаузула која не дозволува да биде разменет за друг играч за време на траење на договорот.
Дирк Новицки (32) иако е цели 12 години во НБА, за прв пат беше слободен агент, но ниту во еден момент не размислуваше сериозно за премин во друг клуб.
Во 920 одиграни НБА натпревари досега Новицки има сјаен просек од 22,9 поени, 8,5 скокови, 2,7 асистенции и една блокада по натпревар. Во 97 плеј-оф натпревари Новицки е уште подобар, со 25,5 поени и 11 скокови по меч. За Маверикси досега има постигнато 21.111 поени и 7.802 скока. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На аулција легендарното Дукати на Ники Хејден

На престижната аукција на „Сотбис“ во Монтереј овој викенд, ќе биде понуден „Дукати Десмоседичи ГП8“ од 2008 година, во специјална ливреја со мотиви од знамето на Соединетите Американски Држави, управуван од легендарниот Ники Хејден.
Моторот, кој моментално е во „шоу мотор“ состојба би можел да се врати на патеката со соодветните делови.
Тоа е уникатен примерок од инвентарот на моделите ГП7 и ГП8, со компоненти набавени директно од фабричкиот тим на Дукати во 2010 година.
Хејден го тестираше овој мотор веднаш по завршувањето на сезоната во Мото ГП во 2008 година, пред да премине од Хонда на Дукати и да формира силен тандем со Кејси Стонер.
Овој модел носи дополнителна доза на историско значење, нема ознаки на спонзор бидејќи се користел во преодниот период помеѓу заминувањето на Хејден од Хонда и неговото доаѓање во Дукати, што го прави уште попривлечен колекционерски предмет денес.
Рамката на мотоциклот е изработена во јули 2008 година, а има и нов, неискористен блок на моторот и резервоар за гориво користен за трки.
Аукциската куќа очекува голем интерес, особено кај фановите на „Кентаки Кид“ кој трагично загина во 2017 година.
Спорт
Тебо пристигна на „Маракана“ – Нигериецот ја засили Црвена звезда

Френклин Тебо Учена е новото засилување на Црвена звезда, објави спрскиот шампион на социјалните мрежи.
Тебо, кој игра на позицијата стопер, потпиша тригодишен договор со црвено-белите, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Финансиските детали не се откриени, медиумите шпекулираат дека црвено-белите платиле 2.700.000 евра. Тебо на грбот ќе го носи бројот 30.
Роден е на 15 јануари 2000 година во Абуџа, Нигерија. Во Европа пристигна од Насарава јунајтед. Играше за Хаекен во Шведска, а потоа стана играч на Сарпсборг во 2023 година. Одигра 60 натпревари за норвешкиот тим и постигна пет гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мареска побара да му донесат уште еден централен дефанзивец

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, сака да доведе уште еден централен дефанзивец пред крајот на преодниот рок.
Повредата на Ливај Колвил целосно ги наруши плановите на Мареска, бидејќи тој беше најстандарден стопер во тимот. Точно е дека Фофана се врати по долга пауза и уште една сериозна повреда, но прашањето е дали може да се натпреварува во овој момент.
„Клубот знае што мислам. Логично е дека сакам уште еден стопер по повредата на Колвил. Ќе видиме кои се нашите опции“, рече Мареска пред почетокот на Премиер лигата и натпреварот со Кристал Палас.
Сепак, медиумите објавуваат дека Челзи ќе купи нов стопер само ако Аксел Дисаси или Беноа Бадијашил си заминат.
Засега, единствениот сигурен стопер е Тосин Адарабиојо, додека можно е негов партнер во одбраната да биде засилувањето од Ајакс, 19-годишниот Хато.
Челзи ја отвора сезоната во недела во 15:00 часот кога ќе го пречека Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“.
Foto/ EPA/Jakub Kaczmarczyk