Спорт
Стратев: Ливерпул е шлаг на тортата
Фудбалскиот клуб Работнички во четврток ќе го игра натпреварот на својата историја. Противник е славниот Ливерпул и се е подготвено за спектаклот.
Фудбалскиот клуб Работнички во четврток ќе го игра натпреварот на својата историја. Противник е славниот Ливерпул и се е подготвено за спектаклот.
На прес конференцијата пред мечот свои видувања дадоа претставниците на романтичарите.
„Отпечативме 22.000 влезници, сите се нумерирани со специјален жиг и сите се продадени. Нема гратиси, дури и спонзорите си ги купуваа влезниците и очекуваме голема поддршка од трибините. На Ливерпул му се испратени 1.157 влезници, а акредитирани се 80 новинари“, рече Игор Ангеловски спортски директор на Работнички.
Тренерот на „романтичарите“ вети дека фудбалерите ќе одиграат најдобро што можат.
„Ливерпул е шлагот на тортата, и ова ќе биде голем спектакл. Во составот нема да менувам ништо. Концепцијата може да се менува зависно од резултатот во самиот меч. Ќе започнам отворено со формација 4-4-3 со Вандаир, Зе Карлос и Фабио Силва во нападот, но двајца од нив ќе мора да помагаат и во средината. Ќе се обидеме да не загубиме, но ова е фудбал и се е можно“,рече тренерот Зоран Стратев.
Тој додаде дека не ветува пласман понатаму, но дека тимот ќе се обиде да одигра најдобро што може и да постигне позитивен резултат“.Капитенот на Работнички Никола Глигоров капитен посакува Ливерпул да игра во најсилниот состав.
Натпреварот започнува во 20.45 часот. Влезовите на арената „Филип Втори“ ќе бидат отворени во 18,20 часот, а ќе бидат затворени во 19,45, еден час пред почетокот на мечот. /крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.