Спорт
Французите Симон и Гаске во аут

На стартот на Роџерс Куп турнирот во Торонто со награден фонд од 3,4 милиони долари, првите осум носители беа слободни.
Во мечевите на првото коло само еден носител беше елиминиран. Австриецот Јирген Мелцер (13 носител) загуби од помалку познатиот домашен играч Петер Полански со 6:7 (6), 4:6.
На стартот на Роџерс Куп турнирот во Торонто со награден фонд од 3,4 милиони долари, првите осум носители беа слободни. Во мечевите на првото коло само еден носител беше елиминиран. Австриецот Јирген Мелцер (13 носител) загуби од помалку познатиот домашен играч Петер Полански со 6:7 (6), 4:6. Михаил Јужни (12) од Русија го победи Жил Симон од Франција во два сета со по 6:4, а Николас Алмагро (14) се пласира во второто коло по победата над Украинецот Илја Марченко со 7:5, 5:7, 6:4. Во останатите мечеви се постигнати следните резултати: Сергеј Стаковски (Укр.) – Ришар Гаске (Фр.) 7:5, 6:1, Виктор Ханеску (Ром.) – Милоч Раониќ (Кан.) 6:4, 6:4, Хуан Игнацио Чела (Арг.) – Алесандро Фала (Колумбија) 6:0, 6:3, Жилиен Бенето (Фр.) – Денис Истомин (Узб.) 6:4, 6:4, Томи Робредо (Шп.) – Јарко Ниеминен (Фин.) 6:1, 6:4, Кевин Андерсон (Ј.А.) – Леонардо Мејер (Арг.) 7:6 (2), 6:4, Тиемо Де Бакер (Хол.) – Фелисиано Лопез (Шп.) 7:6 (2), 6:3, Ернест Гулбис (Лет.) – Томас Белучи (Бра.) 6:1, 6:4. .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA
Спорт
Алкараз ја започна 37-та недела на врвот, Ѓоковиќ „скокна“ три места

Карлос Алкараз го освои Ју-ес опен и по една година се врати на челната позиција на АТП листата. На најновата листа има неколку промени во Топ 10, Новак Ѓоковиќ скокна три позиции и сега е на четвртото место.
Алкараз ја започна 37-та недела од својата кариера како водечки играч во светот, а до тој статус стигна преку едно од најсложените ждрепки на турнирот.
Неговиот пат до пехарот беше речиси беспрекорен – тој загуби само три брејка во текот на целиот турнир, подвиг што само Пит Сампрас успеа да го достигне во модерната ера.
Со овој триумф, Алкарас дојде до 11.540 поени, со што јасно ја потврди својата лидерска позиција.
На второто место е Италијанецот Јаник Синер со 10.780 поени, додека Александар Зверев остана на третото место со 5.930.
Новак Ѓоковиќ направи значаен скок и сега е четврти со 4.830 поени – тој се искачи за три места во споредба со претходниот пласман.
Тејлор Фриц (4.675), Бен Шелтон (4.280), Џек Дрејпер (3.690), Алекс де Мајнор (3.545), Лоренцо Мусети (3.505) и Карен Хачанов (3.280) ја комплетираат десетката најдобри тенисери во светот.
Foto/ EPA