Спорт
Велика Британија ја отпиша Босна и Херцеговина
 
																								
												
												
											Во салата „Мирза Делибашиќ“ во Сараево Босна и Херцеговина загуби од В. Британија со 80:84 (24:24, 24:17, 16:23, 16:20). Со тоа БиХ практично ги загуби шансите за пласман на ЕП 2011
Во салата „Мирза Делибашиќ“ во Сараево Босна и Херцеговина загуби од В. Британија со 80:84 (24:24, 24:17, 16:23, 16:20). Со тоа БиХ практично ги загуби шансите за пласман на ЕП 2011, а Британците сега се први во групата без пораз. Во меч во кој и двете репрезентации имаа добри периоди на игра, во кој што домаќините водеа на полувремето со седум поени разлика, сепак финишот го одлучи победникот. Во последните минути од средбата беше 76:76, но Британците ги користеа промашувањата за три поени на натурализираниот Босанец Анри Домеркант и поведоа со 82:76, што се покажа за недостижно и покрај задоцнетата тројка на Којадиновиќ на 12 секунди до крајот. Во домашната селекција најдобри беа Ратко Варда (20 п. 6 ск.) и Кенан Бајрамовиќ (16 п. и 6 ск.). Во гостинската екипа најефикасни беа Даниел Кларк (23 п. 5 ск.), Нејт Ренкинг (21 п.) и Попс Менса-Бонсу (16 п. 12 ск.)Во вториот меч од нашата група Украина ја постигна првата победа откако во Киев ја соблада Унгарија со 80:71. На 14 август Босна и Херцеговина гостува во Скопје, а В. Британија ја пречекува Украина со што завршува првиот круг од натпреварите.крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Спорт
Официјално – Лучано Спалети го презеде Јувентус
 
														Поранешниот селектор на Италија, Лучано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус.
Харизматичниот тренер дополнително го збогати богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места.
Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација, а во Јувентус доаѓа откако Игор Тудор беше отпуштен бидејќи „Старата Дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец и имаше серија од осум натпревари без победа.
Спалети го постигна својот најголем успех како тренер на Наполи кога го освои Скудетото во 2023 година. Со Рома освои два италијански купа и еден италијански Суперкуп, а трофеи освои само со Зенит, со кого беше двократен шампион на Русија и еднаш го освои Купот и Ссуперкупот на таа земја.
Тој беше селектор на Италија од 1 септември 2023 година до 9 јуни 2025 година и беше елиминиран во осминафиналето на ЕУРО 2024.
Спорт
Талески си заминал од Вардар 1961
 
														Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Талески, си замина од Вардар 1961.
Левиот бек, минатото лето се врати во Вардар 1961, но овој пат неговиот престој заврши по само неколку месеци.
Талески побарал од клубот договорот спогодбено да му биде раскинат и веќе се поздравил со соиграчите. Не бил задоволен од минутажата и улогата што ја има во тимот. 
Левиот бек имал намера да остане во Македонија, но не успеал да се договорои со ГРК Охрид. Сега опција за Талески е преселба во Кувајт.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
На Никола Топиќ му е дијагностициран рак
 
														Никола Топиќ, плејмејкерот на српската репрезентација, се лекува од рак на тестисите со хемотерапија.
Информацијата ја презентираше Сем Прести, генерален менаџер на Оклахома Сити Тандер.
Важно е што лекарите се „исклучително позитивни“ за закрепнувањето на 20-годишниот кошаркар.
На 6 октомври, Топиќ бил подложен на операција на тестисите, но до оваа изјава на Прести, причината за оваа хируршка процедура не беше позната. Во меѓувреме, Тандер го продолжи договорот со српскиот кошаркар.
Прести потврди дека интервенцијата е извршена во Хјустон.
„Онколозите се многу позитивни во врска со неговата ситуација“, рече Прести.
Прести рече дека ракот на тестисите е најлечивиот облик на рак кај мажите, но за Топиќ е препорачана хемотерапија.
„Топиќ не сакаше да ги објави овие информации сè додека не ги започна третманите, што и го направи. Тој е тука, тренира, вежба, во текот на целиот овој процес“, додаде Прести.
Во моментов, не е познато кога Топиќ би можел да се врати на теренот, а тимот го става на прво место неговото здравје.
Засега, третманот ќе трае четири до шест недели.
„Топиќ е навистина извонреден млад човек. Мислам дека сите го знаат тоа. Тој е зрел, смирен, издржлив. Има сè што е потребно за некој што се справува со ваква ситуација и ќе ја надмине“, додаде Прести.
Да ве потсетиме дека Топиќ беше драфтуван како 12-ти пик во 2024 година, но ја пропушти целата сезона поради повреда на коленото.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											