Спорт
Сантос со тужба до ФИФА му се заканува на Челзи

Фудбалскиот клуб Сантос, со тужба до ФИФА, му се закани на Челзи поради обидот на „сините“, без знаење на клубот да го реализираат трансферот на талентираниот напаѓач, Нејмар.
Фудбалскиот клуб Сантос, со тужба до ФИФА, му се закани на Челзи поради обидот на „сините“, без знаење на клубот да го реализираат трансферот на талентираниот напаѓач, Нејмар. Претседателот на Сантос, Луис Алваро Риеиро, изјави дека Челзи инсистира на преговорите со Нејмар, без оглед што клубот ја одбил понудата за 18-годишниот напаѓач. Рибеиро на медиумите во Бразил им потврди дека ќе побара интервенција од ФИФА. Рибеиро вели дека Сантос нема намера да го продаде Нејмар за сума помала од 35 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула. Нејмар за првиот тим на Сантос дебитираше во 2009 година, откако претходно ги мина сите селекции на клубот. За првиот тим настапил на 77 натпревари, постигнувајќи 41 гол. За сениорската репрезентација на Бразил дебитираше на 10. август на пријателскиот натпревар со САД, тој го постигна водечкиот гол во победата на „кариоките“ од 2:0./крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алкараз го „збриша“ Шаповалов за осминафинале во Париз

Светскиот рекет број 1 и прв носител, Карлос Алкараз покажа дека е прв фаворит за титулата од Ролан Гарос, откако во ноќниот меч на францускиот гренд слем со 6:1/6:4/6:2 го декласираше Канаѓанецот Денис Шаповалов.
Шампионот од САД опен, Алкараз во следното коло ќе се судри со Италијанецот Лоренцо Мусети, светскиот рекет број 18, кој во исто толку доминантен меч со 6:1/6:2/6:4 беше подобар од Британецот Камерон Нори.
Алкараз започна фантастично, правејќи предност од 5:0 во првиот сет и освојувајќи го само 32 минути. Потоа во вториот сет, Шаповалов се врати во ритам и поведе со 0:2 и со 2:4, но потоа неговата игра се „сруши“ и противникот лесно стигна до 2:0 предност во сетови. Во третиот сет, два брејка му беа доволни за победа.
Еден од неговите најголеми конкуренти за титулата, петтиот носител, Гркот Стефанос Циципас покажа импресивна форма во 6:2/6:2/6:3 победа над Аргентинецот Диего Шварцман.
Спорт
Серхио Рамос си заминува од Пари Сен-Жермен

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос потврди дека си заминува од Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната, откако францускиот шампион не му понуди обновување на договорот.
Рамос пристигна на „Паркот на принцовите“ од Реал Мадрид пред две години, откако „кралевите“ не му понудија продолжување на договорот и имаше две неимпресивни сезони во француската Лига 1.
Ова беше посебно изразено во првата сезона, во која имаше минимален број на настапи поради серијата повреди.
#MerciRamos 🔴🔵 pic.twitter.com/nqcTWYWp4F
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 2, 2023
Спорт
Рајс отворен за трансфер во Баерн по „позитивните“ преговори

Капитенот на Вест хем, Деклан Рајс е подготвен да ги одбие понудите на Арсенал и Манчестер јунајтед и својата кариера да ја продолжи во Германија, поточно во Баерн Минхен, јавува „Скај спортс“.
Се очекува „чеканите“ ова лето да се согласат на трансфер на нивниот најдобар фудбалер, и според „Скај“ имал позитивни преговори со германскиот шампион во Лондон и е согласен на преселба доколку двата клуба се согласат.
Вест хем постојано тврдеа дека неговиот трансфер нема да може да биде под 100 милиони евра, и останува да се види дали Баварците ќе се согласат на оваа сума.
❗️News #Rice: The meeting with him in London was positive! Rice has given the feeling that he can well imagine a move to Bayern!
➡️ Bosses have discussed him in the last days again
➡️ Bayern want to prepare an official offer as their next step
➡️ Tuchel main driver.… pic.twitter.com/ys7bRl76D9— Florian Plettenberg (@Plettigoal) June 2, 2023