Спорт
Јанковиќ елиминирана на стартот на турнирот во Торонто

Првата носителка на Роџерс купот во Торонто, српската тенисерка Јелена Јанковиќ е елиминирана уште на стартот од турнирот.
Првата носителка на Роџерс купот во Торонто, српската тенисерка Јелена Јанковиќ е елиминирана уште на стартот од турнирот. Треторангираната на ВТА листа, Јанковиќ во второто коло, меѓу гледачите ја испрати Ивета Бенешова. Чехињата која до главниот турнир стигна низ квалификациите забележа победа од 7:6, 6:3. Второто коло го мина осмата носителка Вера Звонарева која убедливо со 6:2, 6:1 ја совлада Јарослава Шведова, проблеми во оваа рунда немаше ниту деветорангираната Ли На од Кина која со 6:3, 6:2 ја порази Јармила Грот од Австралија.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кепа Аризабалага се сели во Арсенал
Шпанскиот голман Кепа Аризабалага (30) ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, објавија британските медиуми.
„Топџиите“ бараа резервен голман, а нивната прва опција беше Жоан Гарсија (24) од Еспањол, но таа алтернатива пропадна. Затоа се свртеа кон Аризабалага, чиј договор со Челзи истекува за една година.
Откупната клаузула е шест милиони евра.
Аризабалага пристигна во Челзи во летото 2018 година од Атлетик Билбао во трансфер вреден дури 80 милиони евра, што е највисоката сума платена за голман во историјата на фудбалот.
Последните две сезони ги помина на позајмица, прво во Реал Мадрид, а потоа во Борнмут, каде што беше стандарден во првиот тим.
Сега треба да биде замена за сонародникот Давид Раја во Арсенал.
Спорт
Ф1 го објави календарот за 2026 година

Светската автомобилска федерација го објави календарот на Формула 1 за следната сезона.
Следната година ќе имаме 24 трки, идентични како оваа сезона, со таа разлика што во календарот влегува Големата награда на Мадрид, додека Големата награда на Емилија Ромања во Имола е избришана од календарот.
Ова значи дека ќе имаме две трки што ќе се возат на шпанска територија, додека Италија останува на една.
Сè ќе започне од Австралија на 6 март, додека сезоната традиционално ќе заврши во Абу Даби на 6 декември.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, најави незаборавна сезона.
„Годината 2026 означува нова ера за Формула 1, каде што ќе имаме сосема нов сет правила за спортот, автомобили и мотори кои ќе користат 100% одржливо гориво. Многу сме задоволни што го гледаме Мадрид во календарот за прв пат, и што ги гледаме големите автомобилски брендови како што се Ауди, Кадилак и Форд како влегуваат во Формула 1.
Ќе биде незаборавна сезона, каде што повторно ќе имаме 24 фантастични трки низ целиот свет за да ги гледаме најдобрите светски возачи како ги поместуваат границите на своите способности и обезбедуваат неверојатни битки од тркало до тркало за милиони наши фанови низ целата планета.
Сакам да им се заблагодарам на сите наши фанови за нивната страсна поддршка, како и на ФИА, волонтерите, стјуардите и службените лица, како и на промотерите, партнерите, спонзорите, градовите домаќини и локалните авто-мото здруженија за нивната посветеност и поддршка во реализацијата на овој календар, за кој сум уверен дека ќе означи уште една историска година за Формула 1.“
Save the date 🔒
Presenting the 2026 Calendar 🗓️
24 races across the world to crown our champion 🏆#F1 #Formula1 pic.twitter.com/4xe7e8MPM6
— Formula 1 (@F1) June 10, 2025
Спорт
Барселона сака да го откачи Тер Штеген

Марк Андре тер-Штеген и Барселона полека, но сигурно влегуваат во „војната“. Германецот нема намера да ја напушти Каталонија, а и доколку го стори тоа ќе се обиде добро да го наплати.
Каталонските медуми, тврдат дека единствениот начин да се согласи на раскинување на договорот е Барселона да му ја исплати целата плата според договорот до 2028 година, што е дури 42 милиони евра.
Јасно е дека Барселона нема да прифати ваков вид уцена, а спортскиот директор Деко ќе се обиде да најде идеално решение за сите страни, што сигурно нема да биде лесно.
Огромната плата на Тер-Штеген е проблем за сите освен за клубовите од Саудиска Арабија, но Германецот одбива да ја напушти Европа бидејќи планира да се натпреварува на највисоко ниво до Светското првенство во 2026 година кога конечно ќе биде број 1 во националниот тим.
Тер-Штеген го сака Галатасарај, кој во моментов е најконкретен, Милан го контактираше, но засега тој се откажа поради превисоката плата, додека интересот на Манчестер јунајтед во моментов е нејасен.
Во случај Тер-Штеген да стане слободен, односно на крајот да се согласи да го раскине договорот, јасно е дека тогаш ќе има интерес од сите страни.