Спорт
СП во Турција – Аргентина и Србија фаворити во А групата
Во сабота ќе започне кошаркарската магија во Турција. Собир на најдобрите 24 репрезентации на светот поделени во четири групи.Групата А која ќе настапува во Кајсери има два фаворита Србија и Аргентина.
Во сабота ќе започне кошаркарската магија во Турција. Собир на најдобрите 24 репрезентации на светот поделени во четири групи. Групата А која ќе настапува во Кајсери има два фаворита Србија и Аргентина. Австралија и Германија се очекува да минат во вториот круг, а Ангола и Јордан да го завршат СП по првиот круг. Србија има тим за респект со Теодосиќ и Тепиќ на бековските позиции, како и одлични играчи на центарските позиции, Радуљица, Мачван и Перовиќ, додека за првиот центар Крстиќ ФИБА во четврток ќе решава дали и колку ќе биде казнет за тепачката во Атина, а пријави има и против Теодосиќ и Кешељ. Во составот засега се Пауниќ, Милосављевиќ, Рашиќ и Марковиќ (бекови), Бјелица, Кешељ, Савановиќ и Величковиќ (крила). Аргентина иако е без Ману Џинобили , на бековските позиции има НБА тандем Андерс Ночиони и Карлос Делфино, а под кошевите ги има Луис Скола и Фабрицио Оберто што е доволна гаранција дека оваа екипа ќе се вклучи во борба за висок пласман. Во екипата се и: Кинтерос и Приџиони (б.), Гитерез, Јасен и Камерич (к.) и Гонзалес и Ј. Гитерез (ц.). Прашање е колку Германија може да постигне со состав во кој ќе ги нема Дирк Новицки и Крис Каман. На минатото ЕП се сопнаа од нашата репрезентација. Натурализираниот бек Дејмон Грин и искусниот Штефен Хаман ќе ја предводат екипата во која се уште и Гинтер, Шафарцик и Штајгер (б.), Бензинг, Харис, Идбихи, Шветхелм и Висоцки (к.) и Јагла, Олбрехт, Мекнајтон, Плајс (ц.) Австралија е ослабена бидејки го нема на центарската позиција Ендрју Богут од Милвоки Бакс. Сепак победата над Бразил во подготвителниот период кажува дека овој тим не е за потценување. Селекторот Брет Браун се определи за Делаведова, Марковиќ, Мартин и Њули (б.), Барлоу, Инглс, Вортингтон (к.) и Андерсен, Нилсен, Мариќ, Огливи и Бејнс (ц.) Ангола и Јордан се очекува да играат епизодна улога, и покрај тоа што Анголците допатуваа како прваци на Африка. Евентуална победа на една од овие две репрезентации над претходно претставената четворка би се сметало за првокласна сензација.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

