Спорт
Ѓоковиќ и Јанковиќ се намачија уште на стартот
Новак Ѓоковиќ беше на вистински маки во дуелот со неговиот соиграч од Девис куп репрезентацијата на Србија Виктор Троицки во првото коло на Флешинг Медоу.
Новак Ѓоковиќ беше на вистински маки во дуелот со неговиот соиграч од Девис куп репрезентацијата на Србија Виктор Троицки во првото коло на Флешинг Медоу. Троицки воопшто не ја респектираше третата АТП позиција на Ѓоковиќ. Сервираше како од катапулт, се множеа асови и поведе со 2:1 во сетови, со одлични шанси за вкупна победа во четвртиот сет. Но Новак не би бил тоа што е ако во најтешките моменти не ги одигра најдобрите удари. Мечот заврши со победа на Ѓоковиќ со 6:3, 3:6, 2:6, 7:5, 6:3. Во пет сетови играа и Марди Фиш – Јан Хајек (6:0, 3:6, 4:6, 6:0, 6:1), Арно Клемен – Маркос Багдатис (6:3, 2:6,1:6, 6:4, 7:5), Бенуа Пер – Рајнер Шутлер (6:3, 6:3, 4:6, 3:6, 7:6), Налбандијан – Де Воест (7:6, 3:6, 6:4, 6:7, 6:4) и Вердаско – Фоњини (1:6, 7:5, 6:1, 4:6, 6:3). Во останатите мечеви се постигнати следните резултати: Надал – Габашвили 7:6, 7:6, 6:3, Истомин – Гонзалес 7:5, 7:5, 6:1, Бенето – Штепанек 6:4, 6:2, 4:6, 6:4. Во женска конкуренција четвртата носителка Јелена Јанковиќ имаше проблеми да победи со анонимната Симона Халеп од Романија. По добиениот прв сет на Јанковиќ (6:4) се очекуваше брз крај на мечот, но Романката сервираше речиси двојно посилно и заслужено се реваншира со идентичен резултат во вториот сет. Решавачкиот сет беше одење по жица за Јанковиќ, која што направи многу неизнудени грешки но сепак се радуваше по победата од 7:5. Од носителките испаднаа Ли На од Кина (8) и Надја Петрова (17) од Русија. Украинката Катерина Бондаренко ја победи Ли На со 2:6, 6:4, 6:2, а Андреа Петковиќ од Германија ја елиминира Петрова со 6:2, 4:6, 7:6. Во останатите мечеви на ВТА турнирот во првото коло немаше изненадувања: Возниацки – Галиксон 6:1, 6:1, Лучиќ – Молик 7:6, 6:1, Кузњецова – Дате Крум 6:2, 4:6, 6:1, Резаи – Рибарикова 7:6, 7:6, Викмајер – Кудравцева 6:1, 6:2, Радванска – Чакветадзе 6:3, 6:3, Шарапова – Грот 4:6, 6:3, 6:1.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

