Спорт
Алонсо победи на ГН на Италија
Пилотот на Скудерија Ферари, Фернандо Алонсо е победник на Ф1 трката за Големата награда на Италија, која по 59-ти пат се возеше на патеката во Монца.
Пилотот на Скудерија Ферари, Фернандо Алонсо е победник на Ф1 трката за Големата награда на Италија, која по 59-ти пат се возеше на патеката во Монца.
Алонсо кој ја имаше пол позицијата, водечкото место на стартот го загуби од Џенсон Батон. Актуелниот првак, Батон, беше лидер во трката се до 38-от круг и влегувањето во бокс, кога механичарите на Ферари завршија подобра работа од колегите од Мекларен.
Во Ферари побрзо ги менуваа пневматиците по што Алонсо излезе пред Батон и до крајот на трката не го испушти водството. Покрај Алонсо и Батон место на подиумот избори и Фелипе Маса. Бодови во Монца освоија Себастијан Фетел (Ред Бул), Нико Розберг (Мерцедес), Марк Вебер (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Вилијамс), Роберт Кубица (Рено), Михаел Шумахер (Мерцедес) и Рубенс Барикело (Вилијамс).
По трката во Монца, лидер во Генералниот пласман е Марк Вебер со 187 бодови, пет повеќе од Луис Хамилтон, кој трката ја заврши во првиот круг. Во конкуренција за шампионската титула се уште и Алонсо 166 бодови, Батон 165 и Фетел 163. Кај конструкторите води Ред Бул со 350 бода, Мекларен има 347, а Ферари 290 бодови.
Следната трка во шампионатот на Ф1 ќе се вози на 26 септември во Сингапур.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

