Контакт

Спорт

Подарок од небото за Ѓоковиќ

Објавено пред

Поради силен дожд одложен е финалниот меч на Отвореното првенство на САД меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за 24 часа. Така финалето наместо синоќа, ќе се игра вечерва во 22 часот.

dobivaj vesti na viber

Поради силен дожд одложен е финалниот меч на Отвореното првенство на САД меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за 24 часа. Така финалето наместо синоќа, ќе се игра вечерва во 22 часот. Ова е подарок од небото за Новак Ѓоковиќ од причина што Рафаел Надал одигра три брзи сета со Михаил Јужни, а во наредниот меч Србинот одигра пет исцрпувачки сетови со Роже Федерер, кога се врати во игра од работ на бездната, спасувајќи две меч топки. Тоа е и подобро за финалето, бидејки Ѓоковиќ ќе има време да се одмори пред мечот со светскиот рекет број еден.  За Американците кои многу рано останаа без претставници во финалните борби во машка конкуренција мала утеха, но и надеж за подобро утре, е тоа што во финалето во машка јуниорска конкуренција се сретнаа два домашни тенисери во кој Џек Сок со 3:6, 6:2, 6:2 го совлада Денис Кудла.  Во финалето во конкуренција на јуниори двојки Дулио Берета од Перу и Роберто Квироз од Еквадор со 6:1, 7:5 ги совладаа Оливер Голдинг од В. Британија и Јиржи Весели од Чешка.И финалето на јуниорки беше дуел на тенисерки од една земја, Русија расадник на тенисерки од светскиот врв. Ова е и најава дека Русија во женска конкуренција ќе го држи приматот и во наредната деценија. Дарија Гаврилова ја совлада сонародничката Јулија Путинцева со 6:3, 6:2.Финалето на женски двојки им припадна на Тимеа Бабош од Унгарија и Слоун Стивенс од САД кои без борба го добија мечот против Ен Софи Месташ од Белгија и Силвија Њириќ од Хрватска.крај/ап/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Ѓоковиќ не размислува за крајот на кариерата

Објавено пред

Отвореното првенство на Австралија започнува утре, 18 јануари, а во текот на следните две недели, најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се бори за освојување на титулата на Гренд слем турнирот во Мелбурн. Србинот 10 пати во кариерата го освои трофејот во Австралија.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на натпреварувањето, Новак Ѓоковиќ одржа прес-конференција, а едно од прашањата на новинарите беше за кариерата на српскиот тенисер. Индиректно беше прашан кога ќе се пензионира, со оглед на тоа што има 38 години.

„Често ме прашуваат кога ќе дојде крајот, но сè уште не размислувам за тоа, тука сум и се натпреварувам. Кога ќе ми созрее во главата, ќе споделам со вас, а потоа можеме да разговараме за прошталната турнеја, но сега сум сè уште број четири во светот, се натпреварувам со најдобрите во светот, нема потреба од таа дискусија“, рече Новак Ѓоковиќ.

Освојувачот на 24 Гренд слем трофеи во кариерата. рече дека не жали за ништо во својата кариера, за што сведочат многуте соборени рекорди.

„Некои спортисти жалат што можеби не постигнале цел, но има голем број, барем оние што ги слушав, кои го ценат она што го направиле. Сето тоа е прашање на лична перспектива. Јас сум последниот што треба да се жали, успеав да ги срушив речиси сите рекорди, благодарен сум му на тенисот за можноста да го живеам сонот, да патувам низ светот… Успесите се најголемата мотивација и ѕвезда-водилка, но тоа не е единственото нешто, интеракцијата со луѓето, љубовта кон играта, адреналинот кога излегувате на теренот, тоа е како дрога, мислам дека многу други спортисти се согласуваат со тоа“, додаде Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер е четврти носител, а освојувачот на 10 титули во Мелбурн ќе се бори во првото коло против Шпанецот Педро Мартинез. Проектираниот ривал во второто коло ќе биде Теренс Атман, 64-тиот играч на АТП листата. Во полуфиналето, тој би можел да се сретне со Јанико Синер, додека Карлос Алкараз е на спротивната страна од костурот.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Екитике го изедначи рекордот на „Кинг Кени“

Објавено пред

Францускиот напаѓач Уго Екитике успеа да го израмни рекордот поставен од најдобриот играч на Ливерпул на сите времиња, Кени Далглиш, во сезоната 1977/78.

dobivaj vesti na viber

Ова лето, многумина беа изненадени кога Уго Екитике дојде на „Енфилд“ од Ајнтрахт Франкфурт. Особено затоа што беше платен за дури 80 милиони евра (плус 15 милиони во бонуси).

Сепак, неговиот трансфер остана во сенка на Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) платен за 100 милиони фунти (околу 118 милиони евра) и особено на Александар Исак (Њукасл) за 125 милиони фунти (околу 145 милиони евра).

Сепак, засега, 23-годишниот Французин покажа повеќе од Германецот, а особено од Швеѓанецот.

Екитике е моментално најефикасниот играч на Ливерпул, постигна 12 гола, а она што клубот од „Енфилд“, особено го нагласи – како дебитант, постигна голови во пет различни натпреварувања, што пред него му успеа само на легендарниот Кени Далглиш во сезоната 1977/78.

Екитике постигна голови во Премиер лигата (8), Лигата на шампионите (1), Лига купот (1), Комјунити шилд (1) и последниот во ФА купот (1).

Славниот шкотски фудбалер дојде во Ливерпул од Селтик во летото 1977 година за да го замени Кевин Киген, кој ја продолжи кариерата во германски Хамбургер.

Неговиот трансфер претставуваше тогашен нов британски рекорд од 440.000 фунти (денес тоа би било околу 3,5 милиони фунти). Далглиш блесна во црвениот дрес истата сезона.

Шкотланѓанецот ја наследи „седумката“ на Киген и стана првиот и до оваа година единствениот играч на Ливерпул кој постигнал голови во пет различни натпреварувања во својата дебитантска сезона.

Далглиш подоцна освои рекордни 21 трофеи (шест титули во лигата и три Купа на шампиони) и беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул на сите времиња, а од навивачите на Ливерпул го доби прекарот „Кинг Кени“.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

За да добие нов договор Касемиро не смее да отсуствува до крајот на сезоната

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро, може автоматски да активира едногодишно продолжување на договорот на „Олд Трафорд“ ако започне одреден број натпревари оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Договорот на 33-годишниот Бразилец би бил продолжен до 2027 година, а воедно би ја задржал сегашната плата, но постигнувањето на таа цел би можело да биде предизвикувачко со оглед на тоа што Јунајтед, докрајот на сезоната ќе се натпреварува само во Премиер лигата.

Бразилскиот репрезентативец беше клучен играч под водство на Рубен Аморим и започна 18 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, влегувајќи само еднаш од клупата. Тој пропушти два натпревари поради суспензии. Не започна ниту еден натпревар во куп натпреварите, бидејќи Јунајтед беше елиминиран во првите рунди од ФА Купот и Карабао Купот од Брајтон, односно Гримсби Таун.

Според „Атлетик“, Касемиро мора да започне 35 натпревари оваа сезона за да се активира клаузулата за автоматско продолжување. Откако веќе започна 18 натпревари во сите натпреварувања, му требаат уште 17 настапи. Точно толку натпревари колку што им остануваат на „Црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната во Премиер лигата.

Затоа, Касемиро ќе мора да биде стартер на секој преостанат натпревар во лигата под водство на новиот менаџер Мајкл Карик за да го обезбеди својот престој.

Јунајтед може да одлучи да го активира продолжувањето дури и ако Касемиро не го достигне потребниот број настапи, но тоа нема да биде автоматско. Во моментов „нема индикации“ дека клубот планира да го стори тоа или да преговара за нов договор со пониска плата. Иднината на Касемиро затоа би можела да зависи од неговата улога во плановите на Карик.

Касемиро пристигна во Јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид за почетна сума од 60 милиони фунти (80,7 милиони долари), со потенцијални бонуси од 10 милиони фунти вклучени во трансферот. Се верува дека овие бонуси веројатно нема да бидат платени бидејќи клубот не ја освои Премиер лигата или Лигата на шампионите за време на неговиот престој.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија3 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет5 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет5 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт16 часа

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет19 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет20 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија22 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија22 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија1 ден

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија1 ден

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет1 ден

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ1 ден

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа1 ден

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет1 ден

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет1 ден

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет2 дена

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...