Спорт
Австралија испадна од светската група

Австралија иако водеше со 2:1 испадна од светската група на Девисовиот куп, откако на домашен терен загуби од Белгија со 2:3.
Австралија иако водеше со 2:1 испадна од светската група на Девисовиот куп, откако на домашен терен загуби од Белгија со 2:3. Во неделните средби најнапред Оливер Рохус го победи домашниот играч Петер Лучак со 3:1, а дури во три сетови се играше тај брек (7:6, 6:4, 6:7, 7:6). Во решавачката средба Стивен Дарцис од Белгија го совлада Карстен Бал со 7:6 (4), 6:3, 6:3 и со тоа ја врати белгиската репрезентација во најсилната група. И Американците имаа тежок меч во Богота против Колумбија. При 2:1 во мечеви за САД Марди Фиш со 3:2 го совлада Сантијаго Џиралдо (3:6, 6:3, 7:5, 4:6, 8:6), така да последниот дуел помеѓу Карлос Саламанка и Рој Харисон нема влијание на конечната победа. Покрај Белгија и САД во светската група идната година пласман обезбедија и Романија, Казахстан и Германија по победите од 5:0 на домашен терен против Еквадор, Швајцарија и Јужна Африка. А овој пласман го обезбедија и селекциите на Шведска, Индија и Австрија, со победи од 3:2 против Италија, Бразил и Израел. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јаневски ќе го предводи Олимпијакос од Никозија

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски, повторно ќе работи на Кипар, тој договорил соработка со Олимпијакос од Никозија. Јаневски во минатото, во оваа земја, бил тренер на Енозис и Етникос.
Според кипарските медуми, Јаневски, официјално ќе го преземе Олимпијакос на 5.февруари.
Олимпијакос, во лигата во која се натпреваруваат 14 екипи, по 21 рунда се наоѓа на деветтото место со 24 поени. Новиот тим на Јаневски доживеа порази на последните пет натпревари.
Спорт
Леброн Џејмс ги победи „своите“

Леброн Џејмс се врати во Кливленд и ги предводеше Лејкерси до победата 115:108, над својот поранешен клуб.
Џејмс го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, забележа 46 поени (19/26 шут од поле), осум скока и шест асистенции. Најблиску до Џејмс од соиграчите беше Ентони Дејвис (17 поени).
Кај Кливленд, подобри од останатите беа Андре Драмонд со брилијантен дабл-дабл (25 поени, 17 скокови) и Џеди Осман (20 поени).
Резултати:
Детроит-Филаделфија 119:104
Индијана-Торонто 129:114
Орландо-Шарлот 117:108
Бруклин-Мајами 98:85
Кливленд-ЛА Лејкерс 108:115
Далас-Денвер 113:117
Чикаго-Бостон 103:119
Голден стејт-Минесота 130:108
Портланд-Оклахома 122:125
Спорт
Една година од смртта на Коби Брајант

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа, на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант заедно со својата ќерка Џијана. Во трагичната несреќа настрадаа и пилотот на хеликоптерот и уште шест семејни пријатели на Брајант. Сите патувале во Таусанд Окс, на натпревар на тимот во кој тренер бил Коби, а најдобра кошаркарка неговата ќерка Џијана.
Хеликоптерот се урнал поради густата магла, кога пилотот изгубил ориентација, а леталото удрило во планината кај Калабасас.
Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, легенда на ЛА Лејкерс. Во НБА-лигата играше 20 години, со Лејкерс пет пати бил шампион, двапати бил најдобар стрелец во лигата, двапати бил МВП на финалето и еднаш на регуларниот дел на сезоната.
18 пати настапил на Ол-стар натпреварот, 11 пати бил избиран во идеалната петорка во лигата.
Во НБА-лигата вкупно постигнал 33.643 поени, на вечната листа се наоѓа на четвртото место. Кариерата ја завршил со просек од 25 поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции по натпревар.
Со репрезентацијата на САД освоил два златни медали на ОИ во 2028 и 2012 година.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот