Спорт
Без промени на ВТА и АТП листите

Објавена е најновата ВТА листа на најдобрите светски тенисерки, на неа нема никакви промени меѓу најдобрите десет.
Објавена е најновата ВТА листа на најдобрите светски тенисерки, на неа нема никакви промени меѓу најдобрите десет.
Серена Вилијамс остана број 1 во женскиот тенис, таа на врвот има 1085 поени повеќе од Каролин Вознјацки. Постарата од сестрите Вилијамс, Венус е на третото место, зад неа е финалистката на Грен слем турнирите во Вимблдон и Њујорк, Вера Звонарева. На петто место е стационирана победничката на УС Опен, Ким Клајстерс.
Во Топ 10 од шестото место нагоре се позиционирани: Јелена Јанковиќ, Саманта Стосур, Франческа Скијавоне, Агњешка Радванска и Елена Дементиева.
Кај тенисерите, меѓу најдобрите десет има само една промена, Енди Родик на десетото место го замени Давид Ферер.
Рафа Надал оваа година ќе ја заврши на првото место, зад него се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Енди Мареј и Робин Содерлинг. Од шеттата до десеттата позиција се наредија: Николај Давиденко, Томаш Бердих, Фернандо Вердаско, Михаил Јужњи и Енди Родик.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Поратланд има нов газда

НБА франшизата на Портланд Треил Блејзерс е продадена за над четири милијарди долари.
Според непогрешливиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Портланд го купува Том Дандон, американски бизнисмен.
Дандон моментално е сопственик на НХЛ тимот Каролина Харикенс, кој го купи во 2018 година за 450 милиони, а ги купува Треил Блејзерс од Пол Г. Ален.
Љубителите на кошарката во Портланд не мора да се грижат, бидејќи новиот сопственик и неговите соработници планираат да ја задржат франшизата во тој град, пишуваат американските медиуми.
Треил Блејзерс ја завршија минатата сезона надвор од плејофот со резултат од 36-46, близу дното на Западната конференција. Неодамна го вратија Дамијан Лилард, кој ќе ја помине следната сезона опоравувајќи се од повреда на Ахиловата тетива.
Франшизата од Орегон има една НБА титула освоена во 1977 година, тие ја освоија конференцијата три пати, а дивизијата шест пати.
За споредба, неодамна имавме две големи продажби во НБА – Лејкерси беа продадени за 10, а Селтикси за шест милијарди долари.
Спорт
Македонија повторно загуби од Романија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва, во Орадеа, Романија ја победи Македонија 79:66.
Првата четвртина го одреди текот на натпреварот, Романците ја добија со седум поени (26:19). На полувреме Романија имаше двоцифрена предностевет поени предност (45:34).
Македониај во еден дел од решавачката четвртина се доближи на разлика од три поени (69:66), Романците го одбија тој налет и ја забележаа втората победа во овие претквалификации.
Џејкоб Вајли со 19 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Магдевски постигна 13 поени. Кај победникот најдобар беше Стефан Грасу со 20 поени.
Со овој пораз македонските кошаркари на минимум ги сведоа шансите за пласман во квалификациите за Мундијалот во 2007 година во Катар.
На 20 август Македонија ќе ја пречека Унгарија.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Хојлунд е на чекор од трансфер во Милан

Милан продолжува со преговорите за Расмус Хојлунд со Манчестер јунајтед.
Преговорите со претставниците на играчот се во тек за да се разговара за проектот на клубот, а Хојлунд е отворен за доаѓање во Милан.
Деталите објавени минатата недела вклучуваат позајмица со надомест од 6 милиони евра, откупна клаузула од 45 милиони евра и покривањето на целата плата.
„Двете страни се блиску до договор“, тврди Фабрицио Романо.