Спорт
Шахистите поразени од Мексико

Македонските шахисти по вчерашната лесна победа над Макао, денес загубија во второто коло на 39-та шаховска олимпијада која се одржува во рускиот град Ханти Масијск.
Македонските шахисти по вчерашната лесна победа над Макао, денес загубија во второто коло на 39-та шаховска олимпијада која се одржува во рускиот град Ханти Масијск. Попладнево шахистите се поразени од Мексико со 1:3.
Порази забележаа Трајко Недев на втората и Ѕвонко Станојоски на третата табла. Недев со бели фигури загуби од Хуан Карлоз Замора Гонзалес, додека Станојоски на третата табла, со црни фигури е поразен од Хозе Гарсија Гонзалес. Со реми завршија партиите Владимир Георгиев- Мануел Леон Хојос и Филип Панчевски-Жилберто Гуереро Хернандез.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Червар: Јас го открив Циндриќ, а кога ми треба – го нема!

„Го почитувам Циндриќ, јас го открив и го доведов во Металург, којзнае кај ќе беше сега, дали ќе играше за Барселона или ќе останеше во Огулин. Но, кога ми треба, го нема. Се повреди во 2019, па и минатата година, сега третпат.
Често кога тренираме, кога ќе го прашам за состојбата, вели дека му треба уште половина час, па уште 20 минути, па уште 10, уште 5“, рече, меѓу другото, Лино Червар во интервју за хрватски „24 часа“.
Селекторот на Хрватска во заминување не се согласува со тврдењето на капитенот Домагој Дувњак дека на хрватската селекција ѝ треба добар ресет пред квалификациите за Олимписките игри.
„Сметам дека пристапот не смее да е таков затоа што сами на себе може да си нанесеме стрес, да не се поставува Токио како императив. За да успееме, мора да имаме здрави играчи, а тие да се свесни дека во клубовите мора повеќе да се ангажираат и да се подготват за турнирот. На новиот селектор, кој и да е, треба да му се даде доверба“, порача Червар.
Спорт
Клоп: Челси беше груб со Лампард, екипата е подарок за Тухел

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критукуваше Челси поради отказот на Френк Лампард, откако во неделата Англичанецот доби отказ по 18 месеци на позиција главен менаџер. Го замени Германецот Томас Тухел.
Клоп смета дека Лампард заслужи повеќе време за да ги поправи резултатите. „Сините“ од Лондон во моментов се 10-ти на табелата во Премиерлигата.
„Морам да кажам дека ова е навистина остро. Мислам дека Челси заврши одлична работа во преодниот рок, донесе добри фудбалери, а за такви работи е потребно време. Абрамович ви пружа шанса, пари, играчи, но не е една од најтрпеливите личности во светот. Френк е млад и талентиран тренер, сочувствувам со него и му посакувам се најдобро“ рече Клоп.
Томас Тухел потпиша 18 месечен договор со Челси, а дебито ќе го има вечерва против Вулверхемптон. Клоп за својот 47-годишен сонародник има пофални зборови.
„Тухел е сјаен, на наша жал, тој е навистина добар тренер. Го знам долго и многу го почитувам. Оваа екипа му е подарок и верувам дека и тој гледа така“ смета менаџерот на Ливерпул.
Спорт
„БиХ Фанатикос“ протестираа против изборот на Петев

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина ја официјализира соработката со бугарскиот тренер Ивајло Петев. Тој ќе ја предводи репрезентацијата во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Петев дојде на местото на Душан Бајевиќ.
Именувањето на Петев не го одобруваат навивачите на репрезентацијата познати под името „БиХ Фанатикос“.
Тие повотрно протестираа пред просториите на националниот Сојуз.
Со пораките „Доста е“ и „Нас не можете да не купите“, тие го изразија совето незадоволство од именувањето на Петев.
Навивачите во Босна и Херцеговина не кријат дека тие за селектор го сакаат легендарниот фудбалер Сергеј Барбарез.
„Следев што се пишуваше, на некој начин ги разбирам тие луѓе. Но овие критики ќе ми бидат мотив повеќе да постигнам добар резултат. Ќе се обидам да ги убедам луѓето дека заслужувам да бидам селектор на БиХ“, рекол Петев.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот