Спорт
Серена Вилијамс го пропушта и Токио

На Пан Пацифик турнирот во Токио кој ќе се одржи од 26 септември до 2 октомври, нема да настапи водечката на ВТА листата Серена Вилијамс. Ова го соопштија организаторите на турнирот вреден два милиони долари.
На Пан Пацифик турнирот во Токио кој ќе се одржи од 26 септември до 2 октомври, нема да настапи водечката на ВТА листата Серена Вилијамс. Ова го соопштија организаторите на турнирот вреден два милиони долари. Серена по победата на Вимблдон оваа година го расече стапалото на скршено стакло во еден ресторан и по извршената операција не се појави на тениските терени вклучувајќи го и Грен слемот Флешинг Медоу. Серена планира да се врати на тениските терени во ноември кога во финалето на Федерејшн Купот ќе се сретнат САД и Италија. На турнирот во Токио ќе настапат минатогодишната победничка Марија Шарапова и финалистката Јелена Јанковиќ, финалистката на Вимблдон Вера Звонарева како и победничката на Ролан Гаро Франческа Скијавоне која што минатата година во Токио победи во двојки со Алиса Клејбанова. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Атлетико на бизарен начин по изведувањето пенали испадна од ЛШ

Реал, миленик на среќата, успеа да го елиминира Атлетико во драматичен меч на „Метрополитано“ во Мадрид. Бранителот н титулата, победи по изведувањето пенали со 4:2. Претходно натпреварот заврши со резултат 1:0.
Атлетико, вечерва одигра подобро од својот ривал и покрај тоа што поседот на топката беше на страната на Реал. Играчите на Карло Анчелоти упатија само два удари и двата не преставуваа никаква опасност за Јан Облак.
На спротивната страна Тибо Куртоа имаше седум интервенции.
Конор Галагер ја анулира предноста на Реал (2.1) од првиот меч по само 27 секунди игра. Реал најдобрата шанса ја имаше во 70.минута кога ударот на Винисиус од пенал заврши далеку крај стативата.
Пенал серијата ја реши бизарниот пенал на Алварез во втората серија. Аргентинецот се лизна и два пати играше со топката, поради што голот беше поништен.
Претходно во првата погодија Мбапе за Реал и Серлот за Атлетико. Во втората сигурен за Реал беше Белингем. Во третата погодија Валверде и Кореа. Облак му го одбрани идарот на Васкез, а по него Љоренте ја погоди гредата. Конечно Ридигер со ммногу среќа погоди во последната серија и го однесе Реал во четвртфиналето.
Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра против Арсенал.
Спорт
(Видео) Галагер собори многу рекорди во Лигата на шампионите

Атлетико ја анулира предноста на Реал Мадрид од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите по само 27 секунди игра.
Конор Галагер постигна гол на натпреварот на „Метрополитано“, соборувајќи бројни рекорди во Лигата на шампионите.
Ова беше најбрзиот гол во тековната сезона на најсилното европско натпреварување Исто така ова беше и најбрзиот гол во Лигата на шампионите постигнат од англиски фудбалер, најбрзиот гол на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и најбрзиот гол што го примил Реал Мадрид од 2007 година.
Галагер е првиот англиски играч кој постигнал гол во мадридското дерби.
Спорт
(Видео) Арсенал и Астон Вила си ги потврдија местата во топ 8

Арсенал и Астон Вила ги потврдија своите места во четвртиналето во Лигата на шампионите. Арсенал одигра 2:2 во Лондон со ПСВ Ајндховен, првиот меч им припадна на „топџиите“ со 7:1, а Вила по 3:1 во првиот меч, во вториот го победи Клуб Бриж со 3:0.
Арсенал два пати водеше против ПСВ со головите на Зинченко и Рајс, на 1:1 израмни Перишиќ, на 2.2 Дуреш.
Астон Вила во второто полувреме постигна три гола против Бриж, кој од 17.минута играше со фудбалер помалку. Црвен картон доби Сабе во 17.минута.
Два гола постигна Асенсио, еден засилувањето од Челси, кој лани играше во Дортмунд, Матсен.