Спорт
Шаховските селекции против Италија односно Барбадос

Шаховските репрезентации на Македонија во рамките на четвртото коло на 39-та шаховска олимпијада, денес за противници ги имаат селекциите на Италија, односно Барбадос.
Шаховските репрезентации на Македонија во рамките на четвртото коло на 39-та шаховска олимпијада, денес за противници ги имаат селекциите на Италија, односно Барбадос.
Шахистите по вчерашната победа над Доминиканската Република од 3,5:0,5, денес ќе и се спротистават на Италија.
Владимир Георгиев на првата табла за противник ќе го има Фабијано Каруана, на втората Трајко Недев ќе игра со Микеле Годена, Ѕвонко Станојоски на третата табла ќе се соочи со Сабино Брунело, а на четвртата табла со црни фигури, Филип Панчевски ќе игра против Денис Ромбалдони.
Дамите по вчерашниот максимален пораз од фаворизираната Ерменија, денес ќе имаат полесна задача против Барбадос.
Со црни фигури на првата и третата табла Габриела Коскоска и Моника Стојковска за противнички ги имаат Натали Гриниџ, односно Катерина Блакман. На втората и четвртата табла со бели фигури Катерина Јоноска и Бојана Бејатовиќ ќе им се спортистават на Рашида Корби, односно Шина Ремси. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артета за Озил: Беше важен играч за Арсенал, но не играше

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, прв пат се огласи во јавноста по заминувањето на Месут Озил. Шпанецот смета дека спогодбениот раскин на договор бил најдобра опција за фудбалерот и клубот. Озил, кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.
Десет месеци, Озил, беше во немилост кај тренерот Артета, кој на почетокот на новата сезона не го пријави за настап во Премиер лигата и Лига Европа. Јасно е дека по седум и пол години и четири освоени трофеи во ФА купот, разделбата на Озил со клубот не беше пријателска.
„Од многу причини ситуацијата беше тешка. Позната е историјата на неговиот случај. Како почна и како се одвиваше. Тој беше исклучително важен играч за Арсенал, играч со големо влијание, но не играше и не беше со тимот. Тоа беше тешко за двете страни. Сакаша да игра, а ние не можевме да му го овозможиме тоа. Само на ваков начин можеше да биде решена целата ситуација“, рекол Артета.
Фенербахче е петтиот клуб во кариерата на Озил. Светскиот првак со Германија, претходно настапуваше за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.
Спорт
Аргентинец ќе го наследи Зидан
Позициите на Зинедин Зидан во Реал Мадрид се сериозно разнишани по синоќешната сензационална елиминација од Алкојан, во Купот на Шпанија. Реал и со играч повеќе на теренот не успеа да го елиминира членот на Терцера.
„Марка“, медиум кој секогаш е добро информиран за случувањата на „Сантијаго Бернабеу“, тврди дека Зидан ќе замине по завршувањето на сезоната, иако во текстот не се исклучува можноста тој да добие отказ и во текот на сезоната, доколку тимот не успее да го врати на вистинскиот курс.
Аргентинските медиуми, пишуваат дека наследникот на Зидан ќе пристигне од Јужна Америка. Станува збор за најдобриот тренер на овој континент, Марсело Гаљардо. Од 2014 година, Гаљардо, со Ривер Плејт, два пати го освои Копа Либертадорес.
Гаљардо како тренер работел и во Национал од Монтевидео. Кариерата како играч ја градел во Ривер, Ди-си јунајтед, ПСЖ и Монако.
Спорт
Кристал палас го потврди трансферот на Матета

Кристал палас на социјалните мрежи го потврди трансферот на напаѓачот Жан-Филип Матета.
Фудбалерот, реден во 1997 година, кариерата ја почнал во Шатору, а потоа играл за Ле Авр и Лион. Матета во Кристал палас пристигна од Мајнц. Со клубот од Лондон тој потпишал договор до јуни 2022 година.
Кристал палас не објави финансиски детали од трансферот.
👊 Welcome to the Palace, Jean-Philippe Mateta.#CPFC
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) January 21, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот